Благи падини и одлични ски-патеки со поглед на Марибор


На североисточните падини на Похорје, кои како да го допираат Марибор, вториот град по големина во Словенија, се наоѓа скијачкиот центар Мариборско Похорје, чиј највисок врв достигнува 1.347 метри. Познат е по благите падини, многубројните одлично уредени скијачки и пешачки патеки со прекрасен поглед на Марибор и околината.
Словенија како дестинација за зимување е доста популарна кај туристите од регионот. Ски-центрите се добро одржувани и уредени, а скијањето како спорт има долга традиција во оваа земја. За сите љубители на овој спорт особено се важни натпреварите во ски-скокови, како и трките во алпско скијање на Крањска Гора, Похорје, Бохињ...

На главниот гребен на Похорските Планини се наоѓаат неколку атрактивни туристички центри кои нудат многубројни активности. Еден од нив е токму Мариборско Похорје. Иако во текот на годината голем број луѓе го посетуваат овој ски-центар, Мариборско Похорје ја зачувало својата природна убавина.
Сезоната на скијање тука трае од декември до април, но освен во алпско скијање, може да уживате и во јавање, маунтбајк или нордиско скијање. Секако, за тотално опуштање на располагање ви стојат и голем број спа и велнес-центри. Овде има за секого по нешто – почетниците може да научат да скијаат или да бордаат во некоја од ски-школите, оние што сакаат пливање ќе уживаат во термалните базени Хабакук, на располагање се и сали за фитнес, терени за тенис, сквош или, пак, јавање. Трагачите по адреналин може да пробаат тандем-летови со падобран, летање со воздушен балон или авио-такси.
Во опсегот од 336 до 1.347 метри надморска височина, на површина од 220 хектари се наоѓаат ски-патеки во вкупна должина од 41 км, кои се прекриени со снег од декември до мај. Од нив 23 километри се полесни патеки, 13 километри се средно тешки и 5 километри се потешки патеки. Уредени се и 25 километри патеки за ски-трчање и 1 км за санкање. 

Целото скијалиште всушност е поделено на три сектори, меѓусебно поврзани со патеки. Секторот Снежен стадион се протега од 325 до 1050 метри и располага со гондола, четворосед, два двоседи и 6 ски-лифта. Секторот Болфенк се протега од 937 до 1150 м и располага со двосед и 3 ски-лифта. Третиот сектор, Арехм се протега од 927 до 1327 метри и располага со шестосед и 7 ски-лифти.
Овде се наоѓа и најдолгата патека за ноќно скијање во Европа – долга цели 10 километри. Води од врвот на Похорје кон мариборската долина. Во идеални зимски услови и со помош на вештачки снег, со снег се покриени и оние патеки што се спуштаат сосема до Мариборската долина.
Овој ски-центар е одличен за почетници кои допрва стекнуваат скијачки вештини. Тука може да се совладаат основите на скијањето и на сноубордот, а за тоа помагаат и искусните инструктори на тамошните школи.

Но не само тие, скијачите на сите возрасти и нивоа едноставно уживаат во сè што нуди Мариборско Похорје.
Доколку се пронајдовте во сите овие убавини, имаме радосна вест – во нашата понуда имаме два супер хотели на Похорје. Ви ги предлагаме како одличен избор за годинешното зимување или, пак, како место на кое ќе ја дочекате Новата 2019 година.



BELLEVUE 4*
Се наоѓа на горната станица на жичарницата Похорје во близина на ски-центарот. Од хотелот има прекрасен поглед на Марибор, град со богато културно наследство. Се наоѓа на надморска висина од 1.050 м, со поволна клима и чист планинскиот воздух меѓу зелените шуми на Мариборско Похорје.
Располага со ресторан, лоби бар, конференциска сала, интернет-пристап, фитнес-центар и сауни (Turkish sauna, Finnsh sauna, Milld sauna, Ice Cave), како и со паркинг-простор. Собите се опремени со ТВ, телефон, безжичен интернет, сеф, бања, минибар и клима. Апартманите, пак, имаат комплетно опремена кујна со две или со една спална.



HABAKUK 4*
Се наоѓа на 100 метри од најдолгите ски-патеки на Похорје  и околу 10 минути возење од центарот на Марибор. Располага со ресторан, лоби бар, конференциска сала, интернет-пристап, фитнес-центар, СПА-центар со отворен и затворен базен со термална вода, сауна, салон за убавина и секако паркинг-пристап. 
Собите се опремени со ТВ, телефон, безжичен интернет, сеф, минибар и клима.
Boom-пакет понудата погледнете ја тука.