Копаоник – зимување на покривот на Србија

Копаоник, покривот на Србија, како што го нарекуваат, е еден од најпопуларните зимски центри во регионот. Во својот највисок дел потсетува на куќа со рамен покрив, па го викаат Рамен Копаоник и токму тука е средиштето на туристичкиот центар. Овде се сместени голем број хотели, апартмани, вили, одморалишта и планинарски домови, како и спортски терени, базени, теретани, кино, продавници, ресторани и клубови. Копаоник е планина за забава на снег, но и за уживање на оние на кои спортот не им е приоритет.
Највисоката точка на оваа планина е Панчиќев врв, висок 2017 м. Националниот парк Копаоник е основан 1981 година и опфаќа површина од 11.810 хектари. Има 12 резервати и богатство од разновидна флора од повеќе од 1500 растителни видови. Туристичкиот центар, всушност, се наоѓа во срцето на националниот парк.
 
Уредени се повеќе од 55 км алпски ски-патеки и 18 км нордиски, со систем од жичарници и ски-лифтови. Дел од нив се погодни за почетници, а други за искусни скијачи. Патеките се одлично подготвени. За љубителите на ноќното скијање, целосно осветлени се патеките Караман гребен и Мало Езеро. Освен тоа, за најмладите скијачи, кои ги прават своите први скијачки чекори, постојат два обезбедени простори, т.н. „ски-градинки“ со подвижни ленти кои го олеснуваат совладувањето на ски-вештините.
Со системот за вештачки снег се покриени 97 отсто од скијалиштето, па благодарение на тоа, ски-сезоната не зависи од временските услови и трае подолго.
Сите патеки се многу добро поврзани со системот на жичарници и ски-лифтови, кој има капацитет од 34.000 скијачи час. Системот на ски-инсталации на Копаоник се состои од три шестоседни жичарници, седум четвороседни и две двоседни, десет ски-лифтови, два ски-лифтови за поврзување и подвижна лента.
 
Четвороседната жичарница „Панчиќев врв“ во текот на целата зимска сезона, но и во текот на летотот, освен скијачи и сноубордери, ги пренесува и посетителите што не се занимаваат со зимски спортови туку панорамски го разгледуваат центарот и се занимаваат со многубројни други активности што Копаоник ги овозможува.
Покрај патеките за алпско и нордиско скијање, ски-центарот Копаоник поседува и уреден сноу-парк, во кој се организираат и натпревари. Се наоѓа на локација меѓу Мало Езеро и Крст и долг е 450 метри. Сноу-паркот претставуба извонредна забава за сите генерации фристајлскијачи и сноубордери. Опремен е со најсовремени елементи, соодветна сигнализација и опрема за безбедност.
 
Привлечноста на Копаоник е во исклучителната динамика на неговиот релјеф – пасишта, густа зимзелена и мешана шума, како и планински врвови од кои се гледаат Шар Планина, Стара Планина и другите околни планински масиви. Посетителите не успеваат да останат рамнодушни на оваа планинска убавица.
Копаоник има околу 200 сончеви денови годишно, па го нарекуваат и Сончева планина. Јужната положба, висината и отвореноста на теренот ги спречува облаците да се задржуваат облаците над планината. Ладниот воздух паѓа во околните рамнини и ували, па зимските температури не се прениски.
Просечната годишна температура е 3,7 степени. Снегот почнува да паѓа кон крајот на ноември и трае до мај – просечно 159 дена годишно. Нивото на снежната покривка надминува еден метар.

КАДЕ ДА СЕ СМЕСТИТЕ?
На Копаоник се наоѓа за секого по нешто и за сечиј џеб. Пакувај се, одиме на Копаоник со Савана! Погледнете ја нашата понуда тука.