Првиот Ski opening на Копаоник е одржан во 2010 година. Oваа манифестација за само неколку години е веќе препознатлив туристички бренд на Копаоник, коja во период од четири дена е домаќин на значителен број љубители на зимските спортови од Србија и целиот регион.
Копаоник е најголемиот планински масив на Србија и еден од најубавите ски центри во овој дел од Европа. Ски центарот Копаоник се протега на околу 62 км од со скијачки патеки кои се организирани за алпско и нордиско скијање. Во рамките на ски центарот има 24 ски-лифтови со вкупен капацитет од 32.000 скијачи на час. Со речиси 200 сончеви денови во годината, оваа "Сончева планина" има просечна годишна температура од 3,7 ° C Снегот започнува кон крајот на ноември и трае до мај, со просек од 160 дена годишно. Највисокиот врв на овој планински масив е Панчичев врв со 2017 м надморска височина.
Резултат со слика за kopaonik Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за kopaonik ski opening
07.декември (Петок)                            СКОПЈЕ - КОПАОНИК
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во Скопје, во 02:30 часот после полноќ. Поаѓање на автобусот за Брзаче, Кoпаоник во 03:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Брзаче во претпладневните часови. Сместување во апартманите. Mожност за факултативно заминување кон скијачките терени на полудневно скијање или слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

08.декември (Сабота)     КОПАОНИК
Појадок. По појадокот индивидуална прошетка во Брзече, додека за љубителите на  скијањето можност за факултативна посета на скијачките центри на Копаоник и запознавње со нивните убавини, или слободно време за индивидуални активности. Враќање во Брзаче во попладневните часови. Вечера. Ноќевање.

09.декември (Недела)     КОПАОНИК - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот индивидуална прошетка во Брзаче. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 4.590,оо мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Brzace centar apartmani на база 2 ноќевања со појадок и вечера (во ресторан Колиба)
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги
- Превоз до ски центарот Копаоник 100 мкд.
- Туристичка такса и осигурвање 1,5€  по лице на ден

Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

GALLERY