Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за lago di komo Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за maranello ferrari museum


29.декeмври (сабота)       СКОПЈЕ – ВЕРОНА  
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

30.декeмври (недела)             ВЕРОНА – ЛАГО ДИ ГАРДА
Пристигнување во Верона околу пладне. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија: разгледот започнува од плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописниот град Sirmione кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век Scaligera, како и тесните улици, новиот дел на градот е права оаза од преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Сместување во хотел во регионот на Верона. Ноќевање.

31.декември (понеделник)     ВЕРОНА-МОДЕНА-MАРАНЕЛО 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативно-посета на Модена, градот познат по автомобилската индустрија, родниот град на суперколите како Ferrari, Monserati, Lamborghini, домот на најпознатиот светски тенор Luciano Pavarotti и на познатoто Италијанско вино Lambrusko. Панорамски разглед на Модена: плоштадите  Гранде и Данте, Катедралата на Модена, Градската куќа, црквата Сан Доменико, барокната зграда на палатата Дукал-денес Воена Акадамија во која се наоѓа Воениот Музеј и Библиотека. Посета на музеј куќата на Еnzo Ferrari во Модена, посветена на креаторот на едно од најкултните возила во светот. Музејот е уникатен по својата архитектурата, по изложените примероци и по начинот на кој ја раскажува успешната приказна за животот на Еnzo Ferrari. Потоа продолжуваме кон Маринело, градот во кој се е во знакот на Ferrari и во кој се наоѓа Ferrari Музејот, посветен на вистинските вљубеници во автомобилската индустрија. Во музејот можат да се видат ретки експонати на возила и истиот овозможува возење на Формула 1 стимулатор. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Вечерта дочек на Новата 2019 година на плоштадите во Верона. Ноќевање.

01.јануари (вторник)         ВЕРОНА- ЛУГАНО (ШВАЈЦАРИЈА) – ЛАГО ДИ КОМО
Појадок. Слободен ден или факултативна посета на Лугано (Швајцарското Монте Карло). Панорамски разглед на Лугано: црквите San Rocco, San Antonio, црквата San Maria di Angelo, стариот град со своите плоштади Piazza Ciochara, Pazza della Reforma, казиното, палатата Civico – Villa Cianni, големиот градски парк еден од најубавите во Швајцарија “ PARCO CIVICO “... Следи попатна посета на градот Комо кој е лоциран на истоименото езеро Лаго ди Комо каде многу познати холивудски ѕвезди имаат свои вили како George Clooney (Villa Oleandra), Sting, Richard Branson... место каде се снимени сцени од филмовите како ‘’Star Wars’’ ‘’Casino Royal’’ – James Bond, Ocean’s Twelve... Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

02.jануари (среда)             ВЕРОНА - ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ   
Појадок. Поаѓање кон Венеција. Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони“ во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето“ до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со брод до Пунта Сабиони. Патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.


Цена на аранжманот: 185 €  (11.470 ден.)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во хотел ***, во околина на Верона на база  3 ноќевања со појадок
- Разглед на Верона, Венеција
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Влезници за културно историски знаменитости
- Превоз со брод „Вапорето„ од Пунта Сабиони – Венеција (15 €)
- Факултативна посета на Модена и Маранело (20 €)
- Влезници за двата музеии на Ferrari (26 €)
- Факултативна посета на Лугано и Комо (35 € ) 
- Туристичка такса 1€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот.
- Патничко осигурување  

НАПОМЕНИ: 
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба. 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

- Организатор на аранжманот: САВАНА - Скопје


 Image result for BLOG>>>ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВО НАШИОТ БЛОГ ПОСТ<<<


 

GALLERY