Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за paris ÐŸÐ¾Ð²Ñ€Ð·Ð°Ð½Ð° слика


28.декември (петок)         СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање за Виена во 19:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

29.декември (сабота)    ВИЕНА - БРАТИСЛАВА
Пристигнување во Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската куќа, Виенската  Опера, Дворцецот Белведере, Забавниот парк Пратер ...  Можност за посета на дворецот Шенбрун - некогашната летна резиденција на Австроунгарската монархија. Слободно време за индивидуални активности. Патувањето продолжува кон Братислава. Вечерта сместување во хотел во Братислава. Ноќевање.

30.декември (недела)         БРАТИСЛАВА – ПРАГА
Појадок. Панорамски разглед на Братислава: Катедралата Св.Мартин, Замокот, Словачкиот народен театар, Михаилската порта, Старата градска куќа... Заминување за Прага. Попатна посета на Прага. Панорамски разглед на градот: Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париска улица, плоштадот Старо место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската кула, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавски намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито... Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќно возење кон Париз.

31.декември (понеделник)     ПАРИЗ - ЛУВР
Панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... слободно време за индивидуални активности и прошетки, или полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата Година. Можност за индивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.

01.јануари (вторник)  ПАРИЗ 
Појадок. Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз... прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Попладнето, факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула, продолжува со вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасни звуци на француската шансона, додека се набљудува ноќната панорама на градот. Ноќевање.

02.јануари (среда)         ПАРИЗ - ВЕРСАЈ 
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило.Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи, галеријата “Lafayette”. Ноќно патување кон Минхен.

03.јануари (четврток)     МИЛАНО (Езеро Комо)
Попатна посета на градот Комо (лоциран на истоименото езеро Лаго ди Комо), каде многу познати лица од светскиот џет сет, имаат свои куќи и вили. Пристигнување во Милано и разглед на градот: тврдината Сфорцеско, централниот плоштад со истоимената и најголема готска катедрала во светот - “Duomo”,  галеријата “Vittorio Emanuelle” која ги поврзува катедралата и Миланската Скала (една од најпрочуените оперски куќи во светот). Можност за посета на црквата “Santa Maria delle Grazie”. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Сместување во околината на Милано. Ноќевање.

04.jануари (петок)       МИЛАНО – ЛАГО ДИ ГАРДА - ВЕРОНА
Појадок.  Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописното место Сирмионе, кое со необично формираниот полуостров, длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век “Scaligera”, како и мноштвото мали улички низ него. Пристигнување во Верона после пладне. Разгледот на градот на Ромео и Јулија: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена. Прошетката продолжува по улицата “Mazzini”, која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а од таму кон дворот, од куќата на Јулија. Слободно време за посети и индивидуални активности. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска и Србија. Ноќно возење со попатни одмори. 

05.јануари (сабота)          СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови...


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279 € за уплати до 31.10.2018


ЦЕНИ НА АРАНЖМАНОТ:
“BASIC” = 289 € - основен пакет
                    “STANDARD” 309 € - пакет со вклучени 2 разгледи
                      “SUPERIOR”359 € - пакет со вклучени 4 разгледи

 
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ   BASIC   STANDARD SUPERIOR
Панорамски разглед на Париз со локален водич 15 €

Разглед на Париз и неговите најзначајни знаменитости (со метро) 10 €

Посета на Лувр: резервација, локален водич и влезница 30 € 30 €

Посета на Версај: превоз, локален водич, резервација и влезница 35 € 35 €

√ - вклучено во пакет цената на аранжманот !


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- 1 ноќевање со појадок во Братислава, Хотел 3* 
- 2 ноќевања со појадок во Париз, Хотел 2+* 
- 1 ноќевање со појадок во околината на Милано, Хотел 3*
- Организирани разгледи на Виена, Прага, Братислава и Милано
- Придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Задолжително Патничко осигурување 330,00 мкд
- Организиран панорамски разглед на Париз со локален водич  (15€)
- Организиран разглед низ Париз со метро на 01 Јануари  (10€)
(Монтмартр, квартот Пигал, Ајфелова кула, крстарење по Сена)
- Посета на Лувр со локален водич, резервација и влезница (30€)  *резервација и уплата при продажба
- Посета на Версај, превоз, резервација, водич и влезница: (35€) *резервација и уплата при продажба
- Туристичка такса која се плаќа директно на рецепција во хотел 1 - 2,5€ по лице од ноќ.
- Билети за превоз со метро
- Влезници за културно-историските споменици 

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на патувањето САВАНА ДОО

GALLERY