НАЈПОВОЛНАТА ПОНУДА ОВАА СЕЗОНА
Хотел GALAXY *** - 7 HB (појадок/вечера) само 249 EUR 
цена со вклучен автобуски превоз и разглед на Атина 319 EUR

термини: 01.08-08.08 и 08.08-15.08

01.ден          СКОПЈЕ - АТИКА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday inn” во 18.30 часот. Поаѓање за Грција во 19.00. Патот води преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

02.ден          АТИНА - ГЛИФАДА (Атика)
Пристигнување во Атина, во утринските часови. По пристигнувањето, краток одмор до панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, мастото Аеропаг, новиот Акрополски музеј и старата четврт Плака. Во пладневните часови заминување кон Глифада – едно од најпознатите и најголеми летувалишта на полуостровот Атика. Смествање во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

од 03. до 08.ден          ГЛИФАДА 
Денови за одмор покрај песочната плажа на Глифада со престој во хотелот на база полупансион (појадок и вечера). Можност за дополнителни активности и прошетки. Комуникација со локалните претставници на агенцијата, за користење на евентуални факултативни излети и посети во регионот на Атика, Пелопонез или островите во Сароничкиот залив.

09.ден          АТИКА - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 10.00 часот. Слободно време до заминување од Глифада во попладневните часови, според планираното време од програмата. Дневно и ноќно возење кон Македонија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.  

Хотелот GALAXY е лоциран на Атинската ривиера во непосредна близина на плажата Алимос. 
Во слободното време
 гостите имаа безброј можности за незаборавни доживувања во регионот на Атина:

ПРОШЕТКИ и SHOPPING 
GLYFADA - динамичен кварт на Атина со бројни таверни, клубови, продавници, плажи...
ACROPOL - симбол на Атина, главна атракција и археолошки локалитет од листата на UNESCO
PLAKA - боемски кварт во подножјето на Акропол, со испреплетени тесни улички со традициоални таверни и продавници  
SHOPPING - познатата ERMOU улица со безброј продавници, отворениот пазар AGORA, помеѓу OMONIA, SINTAGMA и MONASTIRAKI 
  
ЕКСКУРЗИИ
ARGOLIDA - еднодневна екскурзија со посета на КОРИНТ и коринтскиот канал, амфитеатарот во EPIDAURUS, хомеровата MIKENA
SUNION - екскурзија до храмот POSEIDON на р'тот Сунион, најјужната точка на балканот со незаборавен залез на сонцето
КРСТАРЕЊЕ - еднодневно крстарење во заливот Сароникос со островите Aegina, Poros и Idra
МУЗЕИ - 
 
ЗАБАВА и ГАСТРОНОМИЈА
ТАВЕРНА - не пропуштајте вечера во таверна со традиционална нузика, фолклор, сиртаки и бузуки
БУЗУКИ - одберете ресторан (клуб) со бузуки и побарајте одговор на стиховите „Имаме еден живот, затоа треба да го славиме...“ 
КЛУБОВИ - забавувајте во бројните ноќни клубови 
BEACH БАРОВИ - поминете ден на плажа во релаксирана атмосфера и одбрана музика
Hotel Galaxy ***
термини на поаѓање 31.јули 07.август
термини на сместување 01.08-08.08 08.08-15.08
сместување и превоз 7 ПП 7 ПП
    цена по лице 319 € 319 €
само сместување 249 € 249 €

 - Термините објавени во табелата се однесуваат на деновите на поаѓање на групите и на деновите на нивниот влез во хотелот.
- Цените се однесуваат на пакет аранжман со автобуски превоз или со сопствен превоз, по лице, за сместување во двокреветна соба на база седум полупансиони (појадок и вечера). 
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1€ = 62MKD).

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Панорамски разглед на Атина
- Сместување во хотел GALAXY *** на Глифада, на база 7 полупансиони
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето 
 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Доплата за трето лице (без превоз) 169 € за возрасен / 125 € за дете до 12 години
- Доплата за автобуски превоз 70 € за возрасен / 50 € за дете до 12 години
- Факултативни излети и посети за време на летувањето
- Влезници за музеи и културно-историски споменици
- Туристичко патничко осигурување 
 

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

GALLERY

Comments (0)

LEAVE A COMMENT


captcha
All comments have to be authorized by the website administrators for publication, so please give us some time to authorize the comment before you see it published.