Островска романтика: топ-дестинации за совршен меден месец

Авантура, егзотика и само вие двајцата. Медениот месец од соништата може да биде реалност. Она што ви треба е комбинација од адреналин, возбуда и нови искуства. Рајски плажи, но и нова култура. Ви предлагаме да посетите дестинација на која досега не сте биле и да си овозможите патување што ќе го паметите за цел живот.


                                                          МАЛДИВИ – слика од рајот

Дури 1.192 островчиња, групирани во 26 групи, ја сочинуваат оваа земја што се наоѓа во Индиски Океан. Син океан, прекрасни бели плажи – тоа е она што веројатно сте го слушнале многупати, но ќе го разберете вистински дури откако ќе ги посетите.


Овде температурата на водата и на воздухот во текот на целата година се движи околу 30 степени. Вообичаен туристички комплекс овде се состои од ексклузивен хотел лоциран на сопствен остров, населен само со вработените во рисортите и со туристи. 
Што да правите на Малдиви? Коктел на плажа, совршен мир, зајдисонце над Индиски Океан е она што прво ви паѓа на плажа и тоа не ви бега. Но кога ќе пристигнете, ќе видите дека има уште многу авантури што чекаат на вас.

Малдивите се една од врвните светски дестинации за нуркање. Ќе погодите, причината се живописните корални гребени и сиот шарен свет што живее во и околу нив. Малдивите се познати по популацијата на ражи, по миграцијата на кит-ајкулите и морските желки. Ве уверуваме дека нуркање во двојка е едно од најромантичните искуства што ќе ги доживеете и истовремено е авантура што ќе сакате да ја повторите. На располагање ви се голем број нуркачки центри што ќе ви овозможат блиска средба со океанот, набљудување на кит-ајкулите, набљудување на делфини итн.
Оваа дестинација е место каде што ќе посакате да влезете во дуел со брановите. Дури и ако немате никакво искуство во сурфање, краток курс за почетници е еден од фантастичните начини за да го искустите океанот. Доколку пак сте за помалку адреналинска варијанта, тогаш пробајте веслање на даска за сурфање.

Исто така, ви препорачуваме прошетка на населените острови и низ рибарските населби, каде што одблизу ќе може да ја запознаете локалната култура.
Малдивите се создадени за романтика, па препуштете им се на романтичните мали задоволства – на пример, масажа за двојки. Додека свири релаксирачка музика, вештите масери ќе ве пренесат во нова димензија. Вечерта уживајте во приватна романтична вечера со поглед на океанот без да ве вознемирува ама баш никој.


Откако ќе разгледате од повеќе агли на земјата, време е за летање – има посебна магија во сините нијанси на океанот кога ги гледате одозгора. Може да изберете меѓу летање со мал хидроавион или со параглајдер. Глетката што ќе ја видите е незаборавна, а за многумина, токму вака изгледа рајот на земјата.



Остануваме во Индиски Океан, но сега ве водиме поблиску до Африка. Сејшелскиот архипелаг е само 1500 километри оддалечен од Мадагаскар и се состои од 115 гранитни и корални острови со прочуена убавина. Прекрасните плажи и тиркизното море се заштитен знак и на оваа романтична дестинација. Климата е тропска и пријатна, а температурате ретко е под 24 степени или повисока о 32.

 
Покрај романтичните прошетки, и овде ќе може да пробате различни адреналински или релаксирачки активности како едрење, нуркање или риболов.
Валутата што се користи на овие острови се вика сејшелски рупи, а со локалните жители ќе може да се разберете на англиски или на француски. За македонски државјани не е потребна виза, но потребен е адаптер за струја, кој повеќето хотели го имаат во својата понуда.
Мае е најголемиот остров во архипелагот - на него е сместен главниот град на Сејшелите, Викторија. Тука се наоѓа и меѓународниот аеродром. Во јужниот и западниот дел се сместени морските национални паркови Залив Терне, Порт Лоне и Универзитетот на Сејшелите. 
Вториот најголем остров е Праслин, некогашно засолниште на пиратите и арапските трговци. Денес е многу популарна туристичка дестинација. Тука се наоѓаат познатите Ансе Лацио и Ансе Жоржет, со прекрасен бел песок и волшебна тиркизна боја на океанот. Карактеристични за него се тропски шуми, уникатниот вид палма Коко де мер и ванилините орхидеи. Освен тоа, тука живеат и голем број ендемски птици и значителна популација гигантски желки.
 

Се наоѓа, исто така, во Индиски Океан, покрај источниот брег на Африка. Занзибар е полуавтономна област која е составен дел на Танзанија. Во негови рамки е и островот Пемба, како и повеќе помали островчиња. 
Островот е изграден претежно од корални гребени. Овде просечната температура во јануари е 28, а во јули 23 Целзиусови степени. Мирисот на ванила, цимет и какао измешани со мирисот на морето се препознатливи за Занзибар. 

Овде може да заминете на пливање со делфини, да ги посетите локалните села со куќи изградени од кал и камен, плантажите со зачини и, секако, да нуркате и да го запознаете подводниот свет. Овдешните подводни жители се шаренолики и живописни – од баракуда, туна, лигњи, јастози и повеќе стотици видови други риби. Она што секако веднаш ќе го забележите е хармонијата што владее во секој сегмент.
За туристите што го посетиле, Занзибар е остров од бајките и убедливо една од најромантичните дестинации на светот.


Која и да ја изберете од овие три дестинации за вашиот меден месец, сигурно нема да згрешите. А доколку сакате да погледнете уште некое егзотично патување од нашата понуда, кликнете тука.

Comments (0)

LEAVE A COMMENT


captcha
All comments have to be authorized by the website administrators for publication, so please give us some time to authorize the comment before you see it published.