Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за vienna Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за vienna


29.декември (сабота)      СКОПЈЕ - ВИЕНА 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Виена во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце, Србија и Унгарија. Ноќно возење со попатни одмори. 

30.декември (недела)      ВИЕНА 
Пристигнување во Виена во претпладневните часови и панорамски разглед на градот: Виенската oпера, музејот на историјатa на уметноста, царската палата Хофбург, Парламентот, градската куќа Ратхаус, театарот Бург и Универзитетот, градскиот парк во кој се наоѓа споменикот на Јохан Штраус, палатата Белведере, зградата на Обединетите Нации... Прошетката продолжува низ историскиот центар на градот - пешачката зона со улиците Грабен и Кернтнер, во која се наоѓа и познатата катедрала Св.Стефан. Во попладневните часови, сместување во хотел и слободно време за одмор. 
Вечерта, можност за факултативна посета на традиционален ресторан со музичка програма. Ноќевање.

31.декември (понеделник)     ВИЕНА - ШЕНБРУН
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, или факултативна посета на Дворецот Шенбрун – некогашната летна резиденција на австроунгарскиот цар Франц Јозеф. Посетуван од близу седум милиони туристи годишно, Шенбрун е еден од најпознатите културно историски споменици на Австрија, кој заедно со паркот и градините е воедно и најголемата туристичка атракција во Виена. 
Во вечерните часови, дочек на Новaта 2019 година на некој од плоштадите на градот. Ноќевање.

01.јануари (вторник)      ВИЕНА 
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки, или можност за следење на традиционалниот Новогодишен Виенски концерт на видео бим во центарот на градот. Во меѓувреме, уживајте во вкусот на добро познатата "Захер торта" и кафето "Меланге". За заинтересираните, вообичаена е посетата на дворецот Белведере, кој е еден од најубавите барокни дворци во светот. Во него денес се наоѓа, Националната галерија на Австрија. Прошетката може да се збогати и со посета на Кулата "Donauturm" (највисоката градба во Виена од чиј ротирачки ресторан на врвот, се пружа единствена панорама кон градот), или пак со посета на Пратер (еден од најпознатите забавни паркови во Европа). Во доцните попладневни часови, заминување на групата кон Македонија. 

02.јануари (среда)            СКОПЈЕ
Патот води преку Унгарија и Србија, со ноќно возење и попатни одмори. Пристигнување на групата во Скопје, во попладневните часови.


Цена на аранжманот:

“BASIC” 155 € (9.610,00 мкд) основен пакет
“STANDARD” = 165 € (10.230,00 мкд) со разглед на Виена
“SUPERIOR” = 195 € (12.090,00 мкд) со разгледи на Виена и Шенбрун

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***, 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи (според уплатениот пакет)
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Факултативна посета на Дворецот Шенбрун - 30 €
- Вечера во традиционален ресторан - 25 €
- Влезници за музеи и културно-историските споменици
- Групно патничко осигурување.

НАПОМЕНИ:
- Цената на аранжманот е за лице, со сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА - Скопје


 

GALLERY