30.декември (недела)      БЕЛГРАД
Состанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday inn" во 03:30 часот. Поаѓање за Белград во 04:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување околу пладне. 
Сместување во хотел. Заминување кон центарот на градот на организиран разглед со локален водич: плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава... Можност за факултативна посета на Меморијалниот Центар и "Куќата на цвеќето" во која се наоѓа гробот на некогашниот претседател на СФРЈ - Јосип Броз Тито.. Враќање во хотел. Ноќевање.


31.декември (понеделник)     БЕЛГРАД 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки, или посета на шопинг центарот "Ушќе". Во вечерните часови трансфер до центарот на градот. Можност за дочек на Новата 2019 година на плоштад со концерт на Саша Ковачевиќ или во некој од бројните локали. Ноќевање.

01.јануари (вторник)     БЕЛГРАД
Појадок. Заминување кон центарот на градот. Можност за индивидуални прошетки низ улицата Кнез Михајлова и тврдината Калемегдан, Крстарења по Сава и Дунав, или пак посета на Белградската зоолошка градина. Попладне заминување кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 
"STANDARD" - 89 Є (5.518,00 мкд)

"SUPERIOR" - 105 Є (6.510,00 мкд) со вклучени излети


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел "Лав" *** на база 2 НП (ноќевање со појадок)
- Организиран разглед на Белград со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Факултативна посета на меморијалниот центар и "Куќата на цвеќето" - 10 €
(влезницата не е вклучена во цената ¬ 400 rsd. / студенти 200 rsd.)
- Факултативно крстарење по Сава и Дунав - 15 €
- Патничко здравствено осигурување.

Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА - Скопје

 

GALLERY