Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за venice Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за venice st.marko

29.декември (сабота)        СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во14:30 часот. Поаѓање за Венеција во 15:00ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори. 

30.декември  (недела) ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло)
Пристигнување во претпладневните часови, на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло. Превоз со брод “vaporetto” до самиот центар на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање со брод во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

31.декември  (понеделник)         ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки, или факултативна посета на Фиренца. Фиренца е еден од најсликовитите Италијански градови, позната и како "Бисерот на Ренесансата". Панорамското разгледување на градот, во кој твореле големите уметници на 14. и 15.век, започнува со посета на базиликата Санта Кроче - Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните (Макијавели, Росини, Данте, Галилеј...), палатата Годи во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено, со бројните скулптури ремек дела на ренесансата), стариот мост Понте Векио и истоимената палата, базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани... Враќање во Венеција и во хотелот во вечерни часови. Навечер, можност за дочек на Новата 2019 година, на некој од плоштадите во Лидо Ди Јесоло. Ноќевање.

01.јануари (вторник)          ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот во Венеција и заминување кон Верона - градот на Ромео и Јулија. Разгледот на Верона започнува од плоштадот Бра, каде се наоѓа познатата голема Арена, потоа продолжува со прошетка по улицата Мацини, која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разгледот на плоштадот Дел Сињори го дополнува статуата на Данте, за потоа да завршиме во дворот на куќата на Јулија, каде можете да се фотографирате покрај нејзината статуа. Слободно време за индивидуални прошетки, до поаѓање за Скопје.
 
02.јануари (среда)          СКОПЈЕ
Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори. Пристугнување во Скопје во претпладневните часови.

Цена на аранжманот: 159 Є (9.860,00 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:    
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.

- Сместување во хотел *** во пошироката околина на Венеција на база 2НП

- Панорамски разглед на Венеција и Верона.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:     

- Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе до Венеција (15 €).

- Туристичка такса 1€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот.

- Факултативна посета на Фиренца (50 €) со локален водич.

- Влезници за музеите и културно-историските споменици.

- Патничко здравствено осигурување.


НАПОМЕНИ:               

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА - Скопје

 

GALLERY