Image result for novi sad


1 Ден    СКОПЈЕ - НОВИ САД
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во Скопје, во 00:30 часот после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 01:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Краток одмор до панорамското разгледување на градот: театарот “Српско народно позориште”, со истоимениот плоштад, плоштадот на “Слобода”, на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” (една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година), улицата “Змај Јовина”, покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

2 Ден          ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Појадок. Претпладневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора (познат и како “Српска Света Гора”), како и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, факултативна вечера во национален ресторан со музичка програма. Ноќевање.

3 Ден            НОВИ САД - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време до заминување од хотелот. Попатна посета на традиционален “Салаш” (едно од најавтентичните туристички обележја на животот во Војводина). Разглед на тамошниот салаш, кој плени со неговиот автентичен изглед  и организираност. Можност за факултативен попладневен ручек, со мени од традиционалната војводинска кујна и староградска музика. Патувањето кон Македонија, продолжува со кратки попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 85 € ( 5.270,00 мкд ) 
Цена на аранжманот:  80 € ( 4.960,00 мкд ) за резервации до 15.09

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Организиран факултативен ручек во Салаш 
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување други неспоменати посети и услуги

Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.