Венеција, градот од соништата. Зарем некој можел да помисли дека е возможно да се живее на вода?! Венеција е најспецифичниот град на светот, град-чудо. Низ вековите била најмоќното медитеранско пристаниште, а и денес нејзиното значење и влијание воопшто не е намалено. Венеција едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади... 



1 ден СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во14:30ч. Поаѓање за Венеција во 15:00ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори. 

2 ден       ВЕНЕЦИЈА ( околина )

Пристигнување на пристаништето “Пунта Сабиони” во Лидо Ди Јесоло, во предпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ви предлагаме да  Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден ВЕНЕЦИЈА - ФИРЕНЦА 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки или факултативна целодневна посета на Фиренца -  - еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) - Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани...Враќање  во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

4 ден ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Појадок. Напуштање на хотелот во Венеција и заминување кон Верона - градот на Ромео и Јулија: Разгледот на Верона започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје, со попатна посета на Палма Нова – познат outlet шопинг центар. Патуваањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристугнување во Скопје наредниот ден во предпладневните часови.....


Цена на аранжманот :  129 Eur (7.998,00 мкд)


 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во хотел *** во околина на Венеција – Лидо ди Јесоло на база 2НП (ноќевања со појадок).
- Панорамски разглед на Венеција и Верона.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- (*) Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе – Венеција (15€).
- Туристичка такса 1€ по лице од ден, се плаќа на рецепција во хотелот.
- Факултативна посета на Фиренца (50 €) со локален водич.
- Влезници за музеите и културно-историските споменици.
- Патничко осигурување 155 мкд. 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници