Лефкада – остров на боите, остров за заљубени
Лефкада е остров што едноставно мора да го вметнете во вашата листа на дестинации за посета и, верувајте, веднаш потоа ќе ви стане омилено.
Покрај божествените плажи, кои гарантираат релаксација, опуштање и прекрасен одмор, овој јонски остров е место каде што има каде да прошетате и што да видите и во поглед на културно историски споменици, музеи и цркви. Тоа не е изненадување ако се има предвид дека низ историјата тука се смениле многу цивилизации и секој освојувач оставил своја трага.
Според многумина, Лефкада е најубавиот грчки остров. Природата е бујна и остава без здив, а традиционалните села се живописни. Туристичката понуда, исто така, е богата, мноштво таверни, ресторани и барови како и прекрасни објекти за сместување.
Името Лефкада доаѓа од грчкиот назив за бела боја – овде песокот е најбел на светот, како и карпите. Но тиркизното море и живописната природа придонеле Лефкада да ја викаат и остров на боите. Името остров на заљубените, пак, го добила според една легенда, која вели дека старогрчката божица на љубовта и на убавината Афродита е тодена токму тука. 
До Лефкада се стигнува преку подвижен мост кој се крева на секој час за да можат да поминат јахти, чамци и бродови. Благодарение на мостот патот е доста полесен – не ви треба траект. Штом го поминете мостот, влегувате во Лефкас, главниот град на овој остров. Вреди да го прошетате бидејќи има голем број историски споменици и древни цркви, како и голем број продавници, ресторани и кафулиња.
Островот дефинитивно не можете да го прошетате ни со еден, ни со три одмори – толку многу нешта вреди да се видат. Но да започнеме од највпечатливите локации.

Агиос Никитас – погодно и за семејства со деца
Ова гратче се наоѓа на северозапандата страна на островот, на само 12 километри од Лефкас. Доколку плажите и капењето ви се најважни, тогаш ви го препорачуваме токму Агиос Никитас. Освен тоа, за разлика од Нидри, Лефкас и Василики, ова место честопати е избор и на семејства со деца, бидејќи плажите се попристапни. Од тука лесно ќе ги посетите прекрасните Порто Кацики, Егремни и Катизма. Со прошетка од само дваесет минути ќе стигнете и до популарната плажа Милос.

Во ова место има помали минимаркети кои, главно, ќе ги задоволат вашите потреби, но доколку сакате нешто повеќе, не грижете се, до Лефкас има само 12 километри.
За сместување ви препорачуваме:

VILLA ARGIRO
Со прекрасно уредениот двор исполнет со зеленило, преку кој излегува на главната улица кон градската плажа, овој објект дава одлични услови за одмор. Располага со убаво опремени двокреветни студија, сите со сопствен тоалет, балкон, ТВ, клима-уред и мини кујна, како и заедничка летна кујна во дворот на објектот опремена со потребните апарати за готвење и печење, ѕидана скара и фурна.
VILLA MARGARITI
Објектот Маргарити располага со двокреветни соби за сместување, а некои од нив имаат и помошни легла. За оние, пак, кои сакаат подолем комфорт, во состав на објектот се наоѓа и еден апартман. Сместувањето во убавите соби, опремени со сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон, е одличен избор доколку ја искористите можноста за обезбедување и на поволната исхрана во блиската таверна-ресторан. Локалната кујна е навистина незаборавна.

Нидри – центарот на случувањата

Нидри е втор град по големина на Лефкада и се наоѓа на источниот брег на островот. Ова е дефинитивно најпопуларниот туристички центар на островот, особено за помладите генерации кои бараат одлични целоноќни забави. Оддалечен е 20 километри од Лефкас, што значи половина час возење со автомобил. Гратчињата се поврзани и со локални автобуси.
 
Нидри ги фасцинира посетителите со кристално синото море, прекрасниот поглед на заливот и фасцинантните пејзажи. Овде може да имате активен одмор со широк избор на активности и атракции за уживање додека сте на одмор. Изобилува со ресторани, кафулиња, барови и таверни за сечиј вкус.
Ова живо гратче е познато и по своите величествени водопади – Димосари. Името го добиле по водениците што некогаш постоеле и работеле тука. Облечете си удобни патики ако тргнете да ги посетите, зашто патеките околу водопадите може да бидат лизгави. Водата е топла, па слободно разладете се под нив. Тука може да стигнете со автомобил или со изнајмен велосипед. Секако, може да тргнете и пешки бидејќи од Нидри се оддалечени само 3,5 километри – прошетката низ маслинките и лимоните е пријатна, а авантурата е гарантирана.
Ви препорачуваме и крстарење околу малите островчиња спроти Нидри. Тоа се Скорпиос – островот на Аристотел Оназис, кој денес е сопственост на руски милијардер, Мадури, Спари и Маганиси, кое е познато по величествената пештера Папаниколис во која се криеле подморници во Втората светска војна. Целиот пат е волшебен, а глетката величествена. Исто така, може да крстарите и околу другите јонски острови – Кефалонија, Итака – островчето на Одисеј итн. Постојат дневни крстарења со кои се обиколуваат и најпознатите плажи.
За сместување ви препорачуваме:
Се наоѓа во помирниот дел на Нидри на 250 метри од плажата и околу 150 метри од центарот. Располага со удобни студија за две или три лица.
RIGAS Apartments е одличен објект, лоциран во првата линија на Нидри. Од едната страна достапен преку главната улица во Нидри, а од другата страна на само триесет метри оддалеченост од убавата плажа, Ригас сосема сигурно ќе го заслужи вашето внимание. Располага со студија и со соби кои нудат хотелски тип на сместување. Исклучително добро организираниот сервис, како и близината до градските и летните содржини, овој објект го прават најинтересен во понудата за Лефкада. Студијата се главно двокреветни или со помошно легло, а опремени се со сопствена мини кујна, ТВ, клима, тоалет и балкон.

Вилата Spiros има убав уреден двор и е лоцирана на влезот во Нидри, на 150м од плажа, 1 км од центарот. Објектот располага со двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија, сите со поглед на море, опремени со тоалет со туш, кујна и балкон. Студијата располагаат и со ТВ и клима.

Василики – за љубителите на сурфањето

Василики е географски сместено во залив на јужниот дел на островот и е оддалечено 25 километри од Лефкас. Оттука најблиски се плажите на западниот и на јужниот брег. Картите за дневни крстарења тука се најевтини, а секојдневно испловуваат и бродови што одат кон Кефалонија.
Во Василики е богата понудата на ресторани и кафулиња, но најпознато е како идеално за сурфање. Стотина сурфери секојдневно приредуваат вистинско шоу за посетителите на плажите. Тука може и да едрите или да изнајмите опрема за нуркање.

Плажите од рајот
Најпознатите плажи се оддалечени од местата каде што престојуваат туристите, па доколку немате автомобил, ваш или изнајмен, ќе ви биде тешко да дојдете до нив. Веќе рековме, има толку многу плажи што треба да се посетат, но еве почнете од тука:
- Порто Кацики – според многумина ова е најубавата плажа на Лефкада, а можеби и во цела Грција. Се наоѓа на дофат од Василики. Официјално се вбројува во шесте најубави плажи на светот според релевантни туристички организации. Тука не можете да стигнете пешки, само со автомобил или со бротче, па оттука и нејзиното име што значи Залив на козите. Пред да го уредат патот, само козите можеле да уживаат во нејзините убавини. Покрај плажата има и паркинг, а за да стигнете до песокот треба да поминете 180 скалила.
Related image
- Егремни – битката за најубавата плажа на Лефкада не е лесна. Во конкуренција дефинитивно е и плажата Егреми. Долга е 2 километри, па нема да почувствувате метеж од туристи. Морето е нестварно сино, исклучително бел песок и величествени карпи. За да уживате, мора да поминете дури 360 скалила, но не дозволувајте тоа да ве спречи. Убавите нешта не доаѓаат лесно, а доживувањето е уникатно.
- Катизма – доколку сакате луди забави, и дневни и ноќни, Катизма е местото за вас. Тука пуштаат музика познати диџеи од целиот свет. За разлика од преостанатите топ 5 плажи, Катизма е уредена, тука има лежалки, чадори, тушеви и кафулиња. Најпристапна е во споредба со другите и тука може да дојдете со автомобил или со редовен градски превоз. Изобилува со различни содржини и забавни активности.

- Милос – се наоѓа измеѓу Агиос Никитас и плажата Катизма. Пешки од Агиос Никитас може да стигнете за 20 минути или за неколку минути со автомобил. Дива е и опкружена со карпи и водата тука е малку поладна во споредба со преостанатите.
- Агио Фили – егзотична дива плажа со живописно морско дно. Особено им ја препорачуваме на љубителите на нуркањето. До неа може да стигнете со автомобил, со дневните крстарења од Василики или да изнајмите мотор на четири тркала.