Полихроно – одмор за сите генерации


Во срцето на Касандра, на помалку од 4 часа возење од Скопје, во заливот Торонеос, се наоѓа едно од најживописните летувалишта на Халкидики – Полихроно.
Познато е по кристалното, тиркизно море, плитко, создадено за детски водени лудувања, како и по бујната медитеранска вегетација. Тука ќе најдете некои од најубавите плажи на првиот крак на Халкидики. Совршено е не само за семеен одмор – Полихроно е одличен избор за сите генерации. Може да уживате во големиот број крајбрежни таверни и барови, но и да прошетате во околните места и плажи, бидејќи локацијата е навистина идеална. Многубројни супермаркети, пекарници ви се на дофат, па нема да ви недостига ништо. Во Полихроно има и аптека и амбуланта, па сигурни сте во секој поглед.

Тоа што му дава посебен шарм на ова летувалиште е песочната плажа долга околу седум километри, која се протега по должината на гратчето. Во најголемиот дел е прекрасно уредена и со сигурност ќе најдете ваше омилено катче меѓу многуте beach барови. На некои делови на плажата има содржини и за љубителите на водени спортови и разни активности на вода.
Децата сигурно ќе се радуваат не само на водените игри, туку и додека собираат школки, и тоа разни видови.
Каде да се сместите?

VILLA STASHA
STASHA Apartments се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од околу 190 метри од градската плажа. 
На располагање има двокреветни и трикреветни студиа, како и апартмани. Зградата е модерна, со приземје и два ката. Гостите добиваат квалитетно сместување со сопствена кујна, тоалет, балкон или тераса. Опремени се со клима уред и ТВ и се навистина комфорни. 
Дворот на вилата е мал со плочник. Паркирањето на возилото покрај плацот на вилата, како и нејзината близина од центарлните содржини во Полихроно и од градската плажа овозможуваат услови за одличен одмор.

VILLA ASIMENIA
Вила Асименија се наоѓа во централниот дел на Полихроно. Располага со студија за 2 или 3 лица и апартмани за 3 и 4 лица. Комплетно се опремени со кујна, балкон/тераса и бања. Во нејзина близина се наоѓаат голем број продавници, таверни, барови и ресторани.

Каде да прошетате?
За сите љубители на активен одмор, кои не сакаат деновите да ги поминуваат секој ден на иста плажа и на исто место, Полихроно е добра вест – околината на Полихроно е исклучително интересна.
Ви ја препорачуваме организираната тура до островот Келифос (желка) до кое одат повеќе бротчиња. Бротчето ќе ве одведе до живописна лагуна каде што ќе можете да уживате во едно од најубавите капења – директно од бротчето. Островчето има форма на желка и на него нема плажи, но бротчето ќе биде ваша плажа, а токму тоа е посебно доживување.

Островчето Келифос

Постојат и целодневни тури со кои може да крстарите околу Касандра. Тоа е вистински одмор.
На само три километри од Полихроно се наоѓа езерото Мавробара. Овде може да тргнете во обиколка во сафари-џип и, повторно, да уживате, бидејќи природата е недопрена.
 
Езерото Мавробара

Секако, во непосредна близина се и другите познати летувалишта, како Ханиоти, Пефкохори и Калитеа, па зошто да не ги посетите. Не пропуштајте ја плажата Ксенија, која се наоѓа сосема близу до Полихроно.

Плажата Ксенија