Закинтос – островот на желките и на журките
Резултат со слика за zakynthos


Тиркизно море, бели песочни плажи, џиновските желки Carreta carreta и, се разбира, одлични журки и ноќен живот – тоа се синонимите за Закинтос, најјужниот грчки остров во Јонско Море.

До овој мал рај на Земјата ќе ви бидат потребни 9 и пол часа со автомобил од Скопје, но верувајте, ќе ви се исплати. Не се добројуваат плажите што вреди да се посетат, идиличните скриени заливи, а целата слика ја дополнува бујната и разновидна вегетација. Замислете, на Закинтос има повеќе од 7.500 видови цвеќиња. Зачувувањето на природата им е многу важно на локалните жители, особено на прочуените џиновски желки кои се загрозен и заштитен вид.


Најпрво ќе треба да стигнете до пристаништето Килини на Пелопонез, а оттаму до пристаништето Занте на Закинтос. Од Занте, кој е главен град на островот, до Лаганас има уште петнаесетина минути возење. Вреди да го прошетате и Занте, низ чии колоритни улици е пресликана неговата долгогодишна историја. Вијанието на различни култури се отсликува во неговата специфична архитектура. Но ние денеска сакаме да ви зборуваме за Лаганас.


Лаганас – hot spot за ноќниот живот на Закинтос

Лаганас е најпознатото и најраздвижено место на најјужниот јонски остров, омилено на помладите генерации, но и на семејства. Се наоѓа на јужниот брег на Закинтос и познато е по огромната песочна плажа долга 9 км. Ова место е дом на желките карета, кои тука ги полагаат своите јајца. Поради тоа, плажата е дел од Поморскиот национален парк на Закинтос. Морето е плитко, совршено.


Овде не очекувајте мирен и тивок одмор, зашто Лаганас е hot spot за ноќниот живот на Закинтос со мноштво познати клубови што работат цела ноќ.

Островчето Маратонис

Поради строгите мерки за заштита на желките, водените спортови овде не се дозволени, но може да изнајмите чамец или педалинка и да го посетите Маратониси, едно од островчињата во непосредна близина на Закинтос. На ова мало недопрено островче, кое дури и по обликот потсетува на желка, доаѓаат голем број желки карета, кои тука ги полагаат своите јајца. Ви го препорачуваме и островчето Камео, кое е поврзано со Лаганас со дрвен мост.

Островчето Камео

Освен бурниот ноќен живот, Лаганас има што да понуди и за најпребирливите и во текот на денот. Една опција е нуркањето – така ќе може да ги набљудувате желките и преостанатиот морски свет во нивната природна средина. Поглед кон прекрасниот морски свет е можен и на друг начин - ова сигурно ќе ви се допадне – прошетка со бротче со стаклено дно! Доколку патувате со деца, на повеќе локации ќе најдете различни видови забава за деца, од игралишта до раскошни тобогани.


Што се однесува до храната, тука ќе најдете мноштво таверни и ресторани што нудат грчка традиционална кујна, како и кинески, италијански, мексикански, индиски, англиски ресторани...

Дури ни шопингхоличарите нема да останат незадоволни – Лаганас има мноштво продавници за сувенири, накит, кожени производи и чевли, облека... Маркети и пекарници има на секој чекор.

Каде да се сместите?
За сместување ви ги препорачуваме двете прекрасни вили - VILLA DIMITRIS и VILLA MARINOS во Лаганас.

VILLA DIMITRIS

Овој убав објект се наоѓа во средишниот дел на Лаганас, среде прекрасна зелена градина. Располага со повеќе двокреветни и трикреветни студија.

Во непосредна близина имате сè - супер маркети, ресторани и кубови за забава. Особено ја обожаваат помладите генерации.


VILLA MARINOS

Marinos Apartments е одлична куќа за сместување, која се наоѓа на околу 150 метри од песочната плажа и 350 метри од центарот на Лаганас.
Располага со повеќе двокреветни и трикреветни студија, сите опремени со сопствена кујна, балкон, тоалет и соодветен мебел.

Најубавите плажи

Без да мислиме многу, ни текнува на дваесетина неверојатни плажи на Закинтос. Тоа значи дека ни еден, ни два одмори не се доволни за да може да кажете дека сте виделе сè на овој магичен остров. Ако одите првпат, почнете токму од овие.

Мек и свилен бел песок, тиркизна вода, залив скриен меѓу високи варовнички карпи - плажата Навајо е must see. Тоа е една од најубавите плажи на Закинтос и дефинитивно првата слика што излегува пред очи кога се зборува за Закинтос. Се наоѓа на северо-западниот дел од островот и до неа е можно да се дојде само со чамец или со брод, а позната е по остатоците од бродолом.


Плажата Навајо (Бродолом)
До плажата Геракас де стигнува за приближно половина час од Лаганас. Се наоѓа на најјужниот дел и долга е 15 километри, песочна, прекрасна, со сино знаменце. Малку посеверно од неа, е и плажата Дафни. Велат дека тука морето е најтопло од сите плажи на Закинтос, со температура на водата од 27 до 30 степени. И оваа плажа е заштитена, што значи активностите се ограничени, но има неколку прекрасни таверни во чија храна ќе уживате.

Плажите Герака и Дафни