Olympic Beach – во друштво на боговите 


 


Пред вас сино и чисто море и бескрајна песочна плажа, додека грбот ви го чува домот на боговите од грчката митологија. Во подножјето на Олимп, на само три часа од Скопје, се протега Олимпик Бич, летувалиште кое сигурно ви е добро познато и место каде што сигурно сте се вратиле повеќе од еднаш.

VILLA ELEFTERIA

 

Вила Елефтериа се наоѓа во средишниот дел на Олимпик бич, на околу 150 метри од песочната плажа. Опкружена е со зеленило и располага со 16 студија распоредени на приземје и 3 ката, со голем двор со плочник и простор за заедничко користење и дружење и место за багаж. 

 

Сите студија/апартмани, за 2, 3 или 4 лица, имаат клима, ТВ и сопствен балкон со тенда.

Шармот на ова место е спој од величествена природа и историско наследство. Olympic Beach е место за сите. Тука може да најдете мирен одмор, спортови на пространата плажа, релаксација на шеталиштето, вкусна храна, но и ноќен живот и забава. 

Локацијата е одлична – Паралија е на само 3 километри, а Лептокарија и Неи Пори на половина час, односно 40 минути.

 

Градот Катерини, културен и трговски центар на овој дел од Грција, е на само 6 километри од Olympic Beach, па може да се почестите и со шопинг. Дури и Солун не е далеку, на само 1 час возење.

Плажите во Лептокариа, Паралија и Неи Пори