Криопиги – семеен одмор во срцето на Касандра


Криопиги е туристичко место на источниот брег на Касандра, изградено на рид со борова шума со поглед на заливот Торонеос. Се наоѓа веднаш по Калитеа, на 10 минути возење. Карактеристично е по традиционалните стари куќи кои заедно со модерните хотелски комплекси го создаваат изгледот на градот.

Доколку вашиот избор за ова лето е Криопиги, тогаш ова е хотел за вас.

KASSANDRA BAY VILLAGE *** 

Опколен од борова шума, овој симпатичен хотел се наоѓа на 500 метри од песочната плажа и на 800 метри од центарот на Криопиги. Познат е по традиционалната семејна гостопримливост, поради која гостите повторно се враќаат во него.
Располага со простран отворен базен покрај кој има бар, лежалки и чадори, како и детски дел со поплитка вода. Во состав на хотелот функционираат и ресторан и снек-бар. Може да изберете дали ќе појадувате и вечерате на отворено или во помирниот затворен дел, со тивка музика во заднината.
Достапни се бесплатен безжичен интернет и паркинг. Сите соби имаат бања со туш кабина, балкон, TV, мал фрижидер и клима.
Во собите може да се сместат 2, 3 или 4 лица, а услугата е на база на полупансиот, со појадок и вечера.
 
Криопиги е како создадено за семејства со мали деца, но и за сите што сакаат помирен одмор, плажа, море и уживање во крајбрежните таверни или кафулиња. Доколку, пак, сакате да го комбинирате мирот со бурен ноќен живот, не грижете се, во Калитеа ноќните барови работат цела ноќ.
И не само Калитеа, оттука цела Касандра ви е на дофат – Афитос, Полихроно, Ханиоти, Пефкохори, Паљури... на источниот брег или Фурка, Посиди, Сивири... на западниот.
 
 Плажите во Афитос, Калитеа и Паљури