СИВИРИ
Savana , 19 јул.
Сивири: Jenny Hotel и вила Kassandros
Сивири е мало место на западниот брег на првиот крак на Халкидики – Касандра. Изграден е во стил на амфитеатар покрај песочниот брег. Познат е по фестивалот Касандра што се одржува тука секоја година во јули и август во античкиот амфитеатар во непосредна близина на местото, па доколку имате желба, може да погледнете дел од содржините.
Морето овде е плитко и чисто и вашите малечки сигурно ќе уживаат. На плажите има повеќе бич-барови во кои може да се освежите. Песокот е ситен и создаден за одбојка или пинг-понг на плажа, воопшто за забава.
Овој пат ви претставуваме две интересни опции каде што може да се сместите.

Сместен среде бујно зеленило, хотелот Jenny се наоѓа на околу 250 метри од плажата во Сивири и на 100 метри од центарот. Располага со отворен базен со посебен дел за деца, сончева тераса со лежалки и чадори и со мало детско игралиште.
Рецепцијата е отворена 24-часа, а во склоп на хотелот на располагање се и ресторан, снек-бар и бар покрај базенот. Достапен е безжичен интернет, како и паркинг.
Собите се со балкони и имаат поглед на градина или на море. Опремени се со тоалет, мини бар, фрижидер и сателитска телевизија.
Услугата е врз база на полупансион со појадок и вечера.
Се наоѓа во мирниот дел од Сивири на околу 70 метри од плажата и на околу 200 метри од центарот на Сивири. Идеална е за семеен одмор со мали деца.
Во склоп на објектот се апартмани за 3 или 4 лица, кои имаат спална соба со француски лежај и одвоен простор за дневен престој со кујна, како и тоалет со туш-кабина.
Во делот за дневен престој има еден тросед на извлекување на кој може да спијат две лица. Кујната има мини шпорет со рерна и фрижидер. Употребата на клима-уред е бесплатна, а има и телевизор.
Вилата располага и со двор, како и со паркинг-простор.
* ‘Ртот Посиди