Метаморфози – семеен одмор меѓу морето и мирисот на боровите


Замислете мирис на море измешан со мирис на борова шума. Всушност не мора да замислувате – токму таа убавина ја има во Метаморфози, едно од најмирните места на почетокот на Ситонија, покрај море, на зелена падина. Жителите овде важат за исклучително љубезни.
 
Златните и свиленикави песочни плажи, чистите сини води и одличната локација го прават одлична дестинација за семеен одмор, особено за семејства со помали деца, но и за „истражувачи“ што сакаат секој ден да го поминат на различна плажа на Ситонија.
 
Плажата на Метаморфози, всушност, е синџир од повеќе плажи што го одбележуваат почетокот на вториот крак на Халкидики – Ситонија. Главна е градската плажа, со сино знаменце, но како што се движите надолу по кракот се нижат помали организирани, симпатични плажи во состав на хотелите или на beach-барови. Овие плажи се комбинација од ситен и крупен песок, а морето е чисто и одлично за пливање. Мирисот на боровите на сето ова му дава посебен „зачин“.
 
За „истражувачите“, три од топ 10 плажите на Ситонија се на растојание од помалку од 20 минути возење - Агиос Јоанис кај Никити – 14 минути, Калогрија меѓу Никити и Неос Мармарас – 17 минути и бескрајната Трани Амуда кај Ормос на – 19 минути. Но доколку не ви пречи да возите и подолго, цела Ситонија ви е на дланка.
 
Каде да се сместите? Ние имаме три прекрасни предлози за вас.
 

Се наоѓа во непосредна близина на плажата и на 150 метри од центарот на Метаморфози. Располага со отворен базен и сончева тераса. Во сите негови делови е достапен бесплатен безжичен интернет, а услугата што се нуди е All inclusive light. Сите соби имаат клима-уред, сателитска телевизија и фрижидер. Бањите се со туш-кабини и располагаат со фен.

Рецепцијата работи 24-часа, како и барот. Меѓу другите услуги на располагање е чување на багажот, како и детско игралиште. Гостите го обожаваат зашто добиваат поголема вредност за парите во споредба со други слични објекти.


PORTO MATHINA 2*

Веднаш до Golden Beach, се наоѓа и Porto Matina, на помалку од 50 метри од плажата, на површина од 10.000 квадратни метри. Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце. Хотелот располага со игралиште за деца, пинг-понг, бар на плажа и ресторан во кој се служат локални специјалитети и се организираат вечери со традиционална грчка музика. Во хотелот се дозволени домашни миленици до 10 kg.

Сите соби се опремени со TV, клима-уред, фрижидер и балкони со неверојатен поглед на море.

На располагање имате паркинг, безжичен интернет, а услугата е на база на полупансион, со појадок и вечера. Храната гарантирано ќе ви се допадне.


OLYMPIC BIBIS 2*

Се наоѓа на помалку од 200 м од градската плажа и се простира на 8.000 квадратни метри. Центарот на Метаморфози е на оддалеченост од само 800 метри.

Располага со базен, сончева тераса и, градина, ресторан и снек-бар, како и игралиште за деца, фудбалско игралиште, пинг-понг... На располагање имате паркинг, безжичен интернет, а можете и да изнајмите автомобил.

Сите соби се опремени со приватен тоалет, фрижидер, клима-уред и ТВ. Еднаш неделно хотелот организира грчка вечер со традиционална музика.

Услугата е на база на полупансион, но доколку посакате и да ручате тука, ресторанот ќе ви го овозможи и тоа.

Плажите Агиос Јоанис, Калогрија и Трани Амуда