Хрватската плажа која е дел од листата  топ 10 најубави плажи во светот


Сместена на јужниот дел од островот Брач, „Златни рат“ е една од најспектакуларните плажи на Јадранот. Поради својата необичност и уникатност, плажата стана симбол на хрватскиот туризам ширум светот. Нејзиниот феномен е во тоа што зависно од ветрот и морските струи, таа го менува својот облик и својата позиција. Оваа плажа е опкружена со прекрасна борова шума и кристално сино море во 50 нијанси сина боја, а полна е со ситен златен песок низ целата своја должина.

Златни рат нуди голем број водени спортови, како скијање на вода, нуркање, возење на банана, како и летање со падобран.
На два километри од Златни рат е живописниот Бол,
најпознатиот туристички центар на островот. Тие се поврзани со преубаво шеталиште заштитено со сенките на боровите дрвја, по кое ќе најдете уште многу помали плажи, скриени во преубави заливи.


Во Бол може вистински да ја доживеете Далмација. Ова гратче, во кое живееле рибарски семејства, морнари и лозари, и ден денес живее во тој мирен дух. Тука нема да начекате гласна музика и дискотеки, туку место во кое ќе пробате свежа морска риба и ќе вкусите неверојатно вино од локалните винарии.

                  
Брач е нешто што мора да се види! Затоа, во нашата понуда за Макарска има можност за посета на островот, Бол и феноменалниот Златни рат.

Повеќе на линкот: http://www.savanaonline.com/categ.cfm?obcatid=354