Четири градови, покрај Дубровник, што мора да ги видите во Хрватска


Нема сомнение дека Дубровник е еден од највеличествените градови во светот. Опколен со високи дебели ѕидови, Бисерот на Јадранот е богат со природни убавини, културно и историско наследство, уникатен дух и клима.
Но, хрватските 56.594 км2  нудат уште мал милион на атрактивни места, острови, паркови, заливи, плажи и градови, кои вредат да се посетат.

Ова се само дел од нив:

Хвар
Овој остров во Средна Далмација е познат како остров со најмногу сончеви денови во годината - 2718 во просек. Хвар бил познат уште од античките времиња, поради неговата важна стратешка позиција, па затоа островот изобилува со споменици од различни историски периоди, како и културни занимливости и природни убавини. 

Сведок на целата оваа богата историја е Стариот град во Хвар, каде како горди бранители на овој преубав остров се издигаат Катедралата среде градскиот плоштад, театарот од 17 век, Арсеналот од 13ти, опколени со уште голем број на палати во различни архитектонски стилови. Францисканскиот манастир, пак, е познат по својата колекција на стари уметнички дела, меѓу кои најзначајно е делото „Тајната вечера“ на Матео Инголи.
Благодарение на неговата блага клима, топлите зими и пријатните лета, Хвар може да се посети во било кое време од годината.


Трогир
Овој историски град и пристаниште на јадранскиот брег е сместен на мал остров измеѓу континентална Хрватска и островот Чиово.

Трогир има историја стара повеќе од 2300 години и многу градби кои сведочат за тоа. Културата се развивала под влијание на Грците, Римската империја и Венеција. Тој е пребогат со палати, цркви и кули, како и тврдина, што го стави овој град под заштита на УНЕСКО во 1997 година.


Сплит
Вториот град по големина во Хрватска е стар 1700 години, а неговиот староградски центар е заштитен како културно наследство од УНЕСКО во 1979 година. Тесните и живописни улички ќе ве донесат до Диоклецијановата палата, околу која целиот град бил изграден. 

Тука се и стариот храм на Јупитер, црквата Св.Дује, како и познатите Златна и Сребрена порта. Низ историските плоштади ќе стигнете до гратскиот пазар и Рива.
Овие споменици на разновидната историја не се единственото нешто што ќе ве натера да се заљубите во Сплит. Тоа е град во кој комплетно ќе ја почувствувате далматинската аура и кој едноставно не смеете да го заобиколите.

Шибеник

Шибеник е еден од најважните градови за хрватската историја, затоа што е единствениот поголем приморски град чии темели не се од Рмјаните, туку од Хрватите. Тој наликува на амфитеатр за еден од најубавите јадрански природни пристаништа, каде реката Крка го формира заливот Шибеник и се влева во Јадранско Море. Шибеник е дом на најпознатата Катедрала на Јадранот од времето на ренесансата.

Кога веќе сте во Шибеник, не може а да не ги посетите и водопадите на Крка во Националниот парк. По течението на цели 73 км од реката Крка и долниот тек на реката Чичола, оваа дива убавина може да се пофали со седум водопади, наредени еден под друг. Највеличествениот од нив, Скрадинскиот е висок 45 метри, со кристално чиста и бистра вода.

Овој природен феномен освен со водопадите плени и со многуте природни езера преполни со разновидна флора и фауна, едноставно совршено место за пронаоѓање на внатрешниот мир.

Годинава ве носиме на Јадран! Во нашата понуда ја имаме Макарска, но и ексурзии до сите овие неверојатни места.

Повеќе на линкот: http://www.savanaonline.com/categ.cfm?obcatid=354