Одмор со 5 ѕвезди во Хургада

Вашата дестинација за ова лето е Египет – фараонски одмор! Кристално сини води, бескрајни песочни плажи и луксуз. Ако сè уште не го одбравте хотелот што може да ви го понуди сето тоа, ние имаме два предлози за вас. За одмор со 5 ѕвезди!


STEGENBERGER AQUA MAGIC 5*
Gallery image of this property
Овој луксузен All Inclusive рисорт се наоѓа на една од најдобрите локации во Хургада - на само 3 километри од Меѓународниот аеродром на Хургада. Располага со прекрасна приватна плажа и базен каков што само може да замислите.  Сместувањето вклучува клима, минибар и простор за седење. Комплексот, пак, располага со цела низа барови и ресторани со различни национални кујни, во затворен простор или на отворено. Достапен е бесплатен Wi-Fi интернет, како и бесплатен паркинг доколку сакате да изнајмите автомобил.

За гостите што сакаат да останат во форма, на располагање е теретана. Мноштвото водени спортови и активности што се нудат во самиот комплекс ќе ги задоволат и најжестоките трагачи по адреналин и авантури. Во состав на комплексот се наоѓа и аква-парк со мрзлива река, како и патека за голф со 9 дупки.
Погоден е и за семеен одмор, бидејќи располага со детски клуб, мини-бифеа и детски базен кој е со потопла вода.
Во близина на овој рисорт, на оддалеченост од 11 километри, се наоѓа познатата нуркачка локација, островот Гифтун. Новото пристаниште, исто така, е блиску, оддалечено е 7 километри. 
И што е најважно, понудите се навистина пристапни особено ако имате предвид што сè добивате. Цените на аранжманите со вклучен авионски превоз почнуваат од само 455 евра. Оттука никој не си заминува незадоволен!

CLEOPATRA LUXURY RESORT 5*

Станува збор за уште еден луксузен All inclusive комплекс, лоциран е во заливот Макади на 35 километри од Марината во Хургада и на 30 километри од аеродромот. Излегува директно на приватна, песочна плажа и може да ви понуди повеќе содржини отколку што можете да реализирате. 

Во составот на комплексот се наоѓаат 8 базени, Центар за нуркање, продавници, супермаркет, базар… Сите соби се декорирани со топли тонови, збогатени со богати драперии и со простор за седење. Опремени се со ТВ со рамен екран и мини бар. Цените на аранжманите со вклучен авионски превоз почнуваат од 525 евра.
Гостите на Cleopatra Makadi Bay можат да уживаат во вкусот на интернационални кујни во два ресторани и повеќе барови и лаунџ-барови. Секоја вечер имате различен вид забава, и за помлади и за повозрасни.

->ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛОСНАТА ПОНУДА НА ХОТЕЛИ

-> ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕГИПЕТ