Семеен одмор од соништата во Хургада


Одмор со деца може да биде предизвик за возрасните, но не и во овие рисорти што ви ги претставуваме денеска. Тука ќе бидете задоволни и вие и вашите најмлади!

BEACH ALBATROS RESORT 4*
Gallery image of this property
Аквапаркот на овој рисорт е неверојатен, со три базени и цела плејада реквизити. Во неговиот состав се вклучени и спа и нуркачки центар.
Пространите и модерни соби располагаат со сателитска телевизија и мини-бар. Главниот ресторан, пак, нуди египетска традиционална и интернационална кујна. Исто така има и тематски ресторан и снек-бар. Што се однесува на пијалаците, на располагање се 5 барови во самиот комплекс.
Во Beach Albatros Resort може да добиете часови по нуркање или по кајакарство, веднаш на самата плажа. На располагање се игралиште за одбојка, тениски терен и терен за мини-голф. Најмладите веројатно ќе се радуваат и на билјард, пикадо и различни видеоигри во гејминг-собата. Навечер, пак, со караоке се забавуваат и децата и возрасните, во ноќниот клуб односно во детските катчиња.
Аеродромот на Хургада е на само 9 километри од хотелот, а центарот на градот е на 20 минути возење. Доколку изнајмувате автомобил, на располагање ви е приватен паркинг.
Цените за сите овие All inclusive задоволства почнуваат од 525 евра, а задоволството за сите членови на семејството е гарантирано.

MIRAGE BAY RESORT 4*
Децата особено се радуваат на водени лудории, па затоа тука е аква-паркот кој е во склоп на рисортот. На радостите ќе им нема крај! 
Комплексот располага со приватна плажа, а 17 километри е оддалечен од аеродромот. Тука може да ужива целото семејство – во спа центарот, во базените или во различни други активности на отворено. На пример, додека возрасните се релаксираат во спа, децата може да уживаат во аква-паркот под надзор на персоналот задолжен да ги анимира. 
Собите се модерно уредени со елементи од античката египетска цивилизација. Сите имаат клима-уред, телевизор, телефон и сеф. Покрај ресторанот на комплексот, гостите имаат на располагање и грицки покрај барот. Во непосредна близина има области со повеќе продавници, па и шопингот нема да изостане. 
Аранжманите во Mirage Bay со вклучен авионски превоз се со цени од 495 евра.