Турски специјалитети што мора да ги пробате


Нам Балканците турската кујна ни е особено блиска. Ќофте, полнети пиперки, баклава, алва и уште многу други специјалитети се вкоренети во нашето секојдневие. Ако се одлучите да ја посетите Турција, покрај овие работи, мора да испробате што повеќе од нивните разноразни зачини и јадења. 

Ова се само дел од нашите омилени:


Менемен (Menemen)



Ова е всушност нашата „летна манџа“, поточно пиперки и домати испржени со јајца. Турците го јадат за појадок и го служат со топол леб и магдонос на кој не може да му одолеете. Ние би додале и парче сирење и појадокот е спремен.


Манти (Mantı)


Манти се тестенини кои на прв поглед личат на италијанските равиоли, но ова турско јадење е сосема уникатно и по текстура и по вкус. Најчесто се полни со телешко или јагнешко мевце, а можат да бидат пржени или варени. Се служат со јогурт или путер и зачини. 

Јагнешка тава (Kuzu Tandır)


Месото за ова превкусно јадење се печи бавно и долго, а потоа се служи на парчиња со ориз или компири. 


Десерт од кајсии (Kayısı Tatlısı)



Кајсиите наполнети со крем и ореви ќе бидат највкусните слатки залчиња кои ќе ги пробате во Турција. 

Ќофте од леќа (Mercimek Köftesi)


Направени од леќа, булгур и сецкан зеленчук, овие ќофтиња се меѓу најпопуларните турски мезиња.