Резултат со слика за Monastry in Moscow

01.ден / 13.јули (петок)                   БИТОЛА - СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата пред Градската автобуска станица во Битола во 14:30 часот. Поаѓање кон Скопје во 15.00 часот. Средба со останатите патници во 17:00ч. на паркингот пред хотелот "Holiday Inn” и продолжување на патувањето кон граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. Ноќно патување низ Бугарија, со попатни одмори.
  
02.ден / 14.јули (сабота)                 БУКУРЕШТ - ЊАМЦ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Посета на Патријаршијата и поклонение пред моштите на Свети Димитриј Бесарабов. Слободно време за индивидуални активности. По паузата, патувањето продолжува кон Романската Света Гора – Њамц и тамошниот машки манастир, изграден во 13.век. Во него се чуваат двете чудотворни икони на Мајката Божја, моштите на преподобниот Пајсиј Величковски, главата на Св.Симеон дивногорец, како и мошти на непознат светител. Во овој манастир, монашки постриг примил и преподобниот Јован Хозевит, а во него денес се чуваат и дел од неговите свети мошти. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.
 
03.ден / 15.јули (недела)                ЊАМЦ - ЈАШИ - КИЕВ
Утрото, присуство на Светата Божествена Литургија во Соборниот храм и поклонение на светињите во манастирскиот комплекс. Потоа се оди во посета на манастирот Сихастрија, кој е еден од најголемите машки манастири во Романија. Попладне заминување за Јаши и поклонение на моштите на Св.Параскева (Св.Петка). Посета на црквата Свети Три Јерарси, како и слободно време за прошетка низ градот. Во вечерните часови, поаѓање кон Украина и Киев. Ноќно возење со попатни одмори.  
 
04.ден / 16.јули (понеделник)       КИЕВ - Киево Печерска Лавра
Пристигнување во Киев во утринските часови и сместување. Потоа, организирана посета на Киево Печерската Лавра, како и на повеќето цркви и параклиси во неа. Ноќевање.
05.ден / 17.јули (вторник)              КИЕВ
Присуство на Светата Божествена Литургија во Соборната црква и последователна посета на блиските и подалечните пештери во Киев и во Печерската Лавра. Ноќевање. 
 
06.ден / 18.јули (среда)                  КИЕВ
По присуството на Светата Божествена Литургија, посета на повеќето останати цркви и манастири низ градот Киев и неговата околина. Вечерта се поаѓа за Москва. Ноќно возење со попатни одмори.
Резултат со слика за diveevo monastery
07.ден / 19.јули (четврток)             МОСКВА
Утрото пристигнување во Москва, панорамско разгледување на знаменитостите од градот, сместување и одмор. Во попладневните часови посети... Ноќевање.
 
08.ден / 20.јули (петок)                   МОСКВА
Присуство на Св.Божествена Литургија во црквата на Св.Матрона Московска. Разглед на цел црковен комплекс. Поклонение на повеќе светињи во градот. Ноќевање.
Резултат со слика за Црква Св.Матрона Московска Москва
09.ден / 21.јули (сабота)                 МОСКВА - ТРОИЦКО СЕРГЕЕВА ЛАВРА
Рано утрото поаѓање за Троицко Сергеева Лавра и присуство на  Св.Божествена Литургија, разглед на манастирот и поклонение на многубројните свети мошти. Попладне враќање во Москва. Ноќевање.
 
10.ден / 22.јули (недела)                МОСКВА - ДИВЕЕВО
Доручек. Поаѓање за Дивеево. По патот посета на светите мошти на свети Петар и Февронија во Муром. Пристигнување во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.
Резултат со слика за diveevo monastery 
11.ден / 23.јули (понеделник)       ДИВЕЕВО
На Св.Божествена Литургија, а потоа поклонение на светињите во Лаврата. Ноќевање.
 
12.ден / 24.јули (вторник)              ДИВЕЕВО
На Св.Божествена Литургија, а потоа посета на светиот живоносен источник  на Св.Серафим и поклонение на светињите во Лаврата. Ноќевање.
13.ден / 25.јули (среда)                  ДИВЕЕВО - ОПТИНА
Рано наутро поаѓање за Оптина Пустина. Пристигнување во вечерните часови и сместување во манастирските конаци. Ноќевање.
 
14.ден / 26.јули (четврток)             ОПТИНА  
Присуство на Св.Божествена Литургија и поклонение на моштите од оптинските свети старци и светињите во манастирскиот комплекс. Попладне поаѓање за Киев. Ноќно возење со попатни одмори.
Резултат со слика за Monastry in KIev
15.ден / 27.јули (петок)                   КИЕВ
Пристигнување во утринските часови и присуство на Светата Божествена Литургија. Ноќевање.
 
16.ден / 28.јули (сабота)                 КИЕВ - ПОЧАЕВ
Присуство на Светата Божествена Литургија на денот на св.Кнез Владимир и заминување кон местото Почаев во посета на прочуената Света Почаевска Лавра. Пристигнување во вечерните часови и сместување. Ноќевање.
 Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за Monastry Pochaev
17.ден / 29.јули (недела)                ПОЧАЕВ
Наутро, посета на Соборниот храм и поклонение на чудотворната икона на Мајката Божја. Поклонение на стапалката на Пресвета Богородица, како и на моштите на светите Амфилохие и Јов Почаевски. Посета на живоносниот источник посветен на  Св.Ана. Слободно време за индивидуални молитви и поклонение на другите светињи во Лаврата. Ноќевање.
 
18.ден / 30.јули (понеделник)       ПОЧАЕВ - ТИСМАНА
Присуство на Светата Божествена Литургија во Почаевската Лавра, а во попладневните часови се поаѓа за Тисмана каде се наоѓа гробот и светите мошти на Св.Никодим Тисмански, по потекло од Македонија. Ноќно возење.
Поврзана слика
19.ден / 31.јули (вторник)              ТИСМАНА
Пристигнување во попладневните часови во манастирот Тисмана и поклонение на светите мошти на Св.Никодим Тисмански. Ноќевање. 
 
 
20.ден / 01.август (среда)               ТИСМАНА - СКОПЈЕ - БИТОЛА
Во утринските часови, по Светата Божествена Литургија, заминување кон Македонија преку  Романија и Србија. Денско возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје и Битола во вечерните часови.

Цената на аранжманот изнесува:     31.000,00 мкд


Само за резервации со уплати до 30.април:     27.900,00 мкд

(можност за уплата на 3 рати без камата х 9.300,00 мкд) 


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во манасири и хотели, во повеќекреветни соби на база 14 ноќевања, со појадок соодветен на сместувачките капацитети.
- Организирани посети според програмата, во придружба на водич и духовно лице (теолог или вероучител).
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка виза за Русија, во зависност од добиените услови од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.
- Индивидуално патничко осигурување, во зависност од возраста на патникот
(повеќе информации во туристичката агенцијата)
- Камата за плаќање на повеќе рати, во зависност од изборот на банката кредитор.
- Евентуални влезници за музеите и културно историските споменици.
Резултат со слика за isus
НАПОМЕНА:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 46 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ