- Сите патишта водат во РИМ !? И навистина е така... Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои го посетуваат "вечниот град", се уверуваат во фактите дека тој има одбележано дури неколку епохи од светската историја. Познат како престолнина на "Римското царство", својата историска грандиозност сеуште ја задржал, со видливата сочуваност на мноштвото споменици пред забот на времето.

      


30.декември (недела)       СКОПЈЕ - РИМ 
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:20 часот. Лет за Рим со (W6-7757) во 13:20ч. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот за престој и  панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви... Сместување и слободно време за индивидуални активностиНоќевање.
 
31.декември (понеделник)      РИМ - ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан - католичката престолнина, која е воедно и еден од најголемите музејски комплекси во светот. Во нејзините палати се изложени многубројни уметнички дела, донирани и купени од Римокатоличката црква низ вековите. Посета на една од најголемите катедрални цркви во светот - посветена на апостолот Св.Петар, на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби... По разгледот на Ватикан, препорачуваме прошетка покрај "Замокот на Ангелите", премин преку истоимениот мост, се' до плоштадот Навона, кој е изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од првиот век. Плоштадот Навона е познат и како уметничката четврт на Рим. Тој е всушност и гордоста на барокот во градот Рим, со прекрасните скулптури и архитектонски дела на Џан Лоренцо Бернини: "Fontana dei Quattro Fiumi", како и со црквата "Св.Агнеса во Агонија" од Боромини и Рајналди. Можност за краток одмор со ручек, или пак уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта, новогодишна прослава на некој од мноштвото градски плоштади. Ноќевање
 
01.јануари (вторник)      РИМ (Христијанските цркви и гробот на Св.Кирил)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Можност за факултативна прошетка со метро низ Рим, со посета на катедралната црква посветена на Св. Павле, како и на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре и црквата Сан Пјетро ин Винколи. Прошетката продолжува покрај Римскиот колосеум и црквата Сан Клементе, во која ќе ги посетиме капелата и гробот на Св.Кирил. Во попладневните часови, препорачуваме прошетката да продолжи низ познатиот боемски кварт Трастевере: црквата Св.Марија ин Трастевере, ренесансната палата Фарнезе, ботаничката градина, како и посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска населба. На островот може да се посети и црквата на Св.Бартоломеј. Слободното време за вечера, може да се помине во некој од мноштвото традиционални италијански ресторани на Трастевере. Ноќевање.
 
02.јануари (среда)           РИМ - ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на паркот Tиволи. Прекрасната "Villa D’Este" и нејзината градина, се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, скулптури на нимфи, пештери, игри со вода и музика, таа претставува класичен модел од најпознатите европски градини, изградени во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. За попладневните часови, препорачуваме прошека по познатата "Via Del Corso" (најпознатата шопинг улица во Рим), како и посета на "Fotana di Trevi". Пред да продолжите понатаму, не заборавајте да фрлите паричка, токму за да си го обезбедите вашето повторно враќање во Вечниот град. Завршете ја прошетката, со пријатна кафе пауза покрај познатите "Шпански скали". Ноќевање.
 
03.јануари (четврток)      РИМ  - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за кратки индивидуални прошетки. Трансферот до аеродромот во Рим е во 12:30 часот. Лет за Скопје со (W6-7758) во 15:35ч. Пристигнување во Скопје во 17:10 часот попладне.

 ЦЕНИ НА АРАНЖМАНОТ:
“BASIC” = 379 € - основен пакет
                     “STANDARD” = 399 € - пакет со вклучени 2 разгледи
                      “SUPERIOR” = 489 € - пакет со вклучени 4 разгледи

 
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ   BASIC   STANDARD SUPERIOR
Организиран панорамски разглед на Рим 15 €

Посета на христијанските цркви и гробот на Св. Кирил (превоз со метро) 10 €

Посета на Ватикан: резервација, слушалки, водич и влезница (превоз со метро) 50 € 50 €

Посета на Тиволи со превоз, водич и влезница 55 € 55 €

√ - вклучено во пакет цената на аранжманот !


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со "Wizz Air")
- Мала торба или ранец (40x30x20цм.)
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром 
- Сместување во хотел ***, на база 4 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси (60€)
- Здравствено - патничко  осигурување - 164 мкд.
- Туристичка такса: во хотел 4* е 6€, во хотел 3* е 4€ по лице за ноќ (се наплатува на рецепција)
- Пријавен багаж до 10 кг. (55x40x23цм) + WizzPriority - 650 мкд по правец
- Пријавен багаж до 20кг – 1.850 мкд по правец
- Пријавен багаж до 32кг – 2.150 мкд по правец
- Доплата за 1/1 соба – 116€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет 
- Влезници за културно-историските споменици


НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 
- Организатор на аранжманот: САВАНА Скопје

 

GALLERY