Резултат со слика за athens


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

01.ден    СКОПЈЕ - АТИНА  

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

02.ден АТИНА  

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности и прошетки. Ноќевање.

03.ден АТИНА - КОРИНТ - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Слободен ден во Атина или целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

04.ден АТИНА - СУНИОН - ПИРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Заминување од хотелот. Прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени... рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање, посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Слободно време за одмор. Заминување кон Македонија. Патувањето води покрај Термопилите и споменикот на Спартанците, попатна посета и на карпеста црква Агиа Параскеви (Св.Петка), изградена во клисурата Темби. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни  часови. 


Цена на аранжманот:  109 Є (6.760,00 мкд)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Факултативен излет на Пелопонез и Арголида (25 €)
- Факултативна вечера во национален ресторан (25 €) 
- Доплата за еднокреветна соба 33 €
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Туристичко, патничко осигуривање

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА


Резултат со слика за pirea greece
 

 ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА KOMПЛЕТНАТА ПОНУДА НА ПРОЛЕТНИ ПАТУВАЊА