Поврзана слика



1.ден: 17.10.2018 (среда)         СКОПЈЕ - БИТОЛА - АНКАРА                                
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот "Holiday Inn” во 15.30 часот. Заминување за Битола и состанок со остатокот од групата во 18.00 часот. Поаѓање за Турција во 18:30 часот. Ноќно возење преку Грција, со попатни одмори.
 
2.ден: 18.10.2018 (четврток)    АНКАРА
Пристигнување во Анкара во попладневните часови. Панорамско разгледување на Анкара-главниот град на Република Турција. Сместување во хотел. Ноќевање. 
              
3.ден: 19.10.2018 (петок)          КАПАДОКИЈА
Појадок. Продолжување кон Кападокија. Екскурзија низ Кападокија. Името што во превод значи „Земја на убавите коњи“ е непрегледната област  пренесена од соништата и фантастичните приказни каде ветерот и сонцето извајале чудни фигури во карпите, а околу V век човечката рака ги издлабила во нив најстарите христијански цркви и манастири. Тука Апостол Павле ги води првите Христијани, тоа е родното место на Св.Георги и Св.Василиј Велики.  Екскурзијата е по таканаречениот „Месечев пејзаж“ создаден од самата природа: розови и бели ѕидови насекаде, магични кули недопрени од човечка рака... сето тоа е распослано во Музејот на отворено Ѓореме кој е под заштита на Унеско... Тука, во ова поклоничко место ќе имате можност да ги посетите уникатните пештерни градови исечени во карпите каде сеуште се наоѓаат цели домови и дворци, гостински и спални соби, манастири и цркви, светилиштата на православната Византија: Школата на Свети Апостол Павле, ѕидните фрески на православните светци, Библиски сцени на старите фрески...Посета на тврдината Учхисар од каде се простира прекрасна панорамна глетка на целата област.  Враќање во хотел. Ноќевање.

4.ден: 20.10.2018 (сабота)        КАПАДОКИЈА
Појадок. Одјавување од хотелот и продолжување на посетата на светите места низ Кападокоја. Попладне заминување на групата во посета  на Деринкују, еден од подземните градови кои Хетите ги изградиле  во длабочина од над десетици километри под земја уште од пред 4000 години. Внатре имало се што треба да има еден град-резервоари за вода, магацини за жито, воденици, штали, станбени простории...Според некои историчари, во подземните градови во Кападокија во минатото живееле и до 80.000 жители. Во вечерните часови поаѓање за  Цариград. Ноќно возење.
 
5.ден: 21.10.2018 (недела)       ИСТАНБУЛ (ЦАРИГРАД)
Утрото пристигнување во Цариград. Присуство на Света Божествена Литургија, а потоа по кратка пауза, целодневна посета на христијанските светилишта (во зависност од нивната фактичка состојба и реални околности). “Фанар”- вековното седиште на Вселенската патријаршија и прв трон според честа во православната вселенска црква, црквата Св.Ѓорги, подигната во 1720г. и во која се чуваат духовните вредности и моштите на Св.Великомаченичка Ефимија, Св.Соломонија, Св.Теофана, како и дел од столбот на кој е камшикуван Исус Христос. Посета на манастирот Пантократор, посветен на Христос Пантократор и подигнат од царот Јован II Комнин и царицата Ирина, меѓу 1124 и 1136г. Во него од 1314 до 1320 г., живеел ослепениот и протеран од Србија, Стефан Дечански со неговите деца Душан и Душица. Токму во овој манастир, Свети Никола му го вратил видот. Црквата на Богородица Памакаристос, била главен храм на познатиот цариградски манастир, која потекнува од 11 век. Во времето од 1455 до 1588г., кога црквата била претворена во џамија “Фетије”, манастирот бил седиште на Вселенската патријаршија. Ноќевање.

6.ден: 22.10.2018 (понеделник)   ИСТАНБУЛ (ЦАРИГРАД)
Појадок. Посета на Црквата Пресвета Богородица - “Живоносен источник”, по преданието прв ја изградил царот Лав I во петиот век. Повеќепати е рушена и обновувана, а сегашната ја подигнал вселенскиот патријарх Константин во 1835г. Во портата на црквата, се наоѓаат надгробните споменици на 20 вселенски патријарси кои се таму погребани. Црквата. Посета и на бугарската т.н. “железна црква” Св.Стефан, на Патријаршиската гимназија, на црквата “Покров на Пресвета Богородица-Влахерна, како и на манастирот ”Балаклија”. Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори. 

7.ден: 23.10.2018 (вторник)      БИТОЛА - СКОПЈЕ
Пристигнување во Битола и Скопје во попладневните часови.

Цена на аранжманот:    14.900 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотели со ***, 3 ноќевања со појадок
- Организирани панорамски разгледи и посети според програмата, во придружба на локален водич и духовно лице (теолог или вероучител)
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ УСЛУГИТЕ:
- Влезници за музеите и културно историските споменици
- Индивидуално туристичко-патничко осигурување
 
НАПОМЕНИ:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

Поврзана слика