ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 

01.ден СКОПЈЕ - ВЕРОНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 13:30 часот. Поаѓање за Италија во 14:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори. 


02.ден ВЕРОНА - СИРМИОНЕ - ЛАГО ДИ ГАРДА
Пристигнување во Верона околу пладне. Разглед на градот на Ромео и Јулија: плоштадот Бра со познатата Арена, улицата Mazzini - која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе, плоштадот “Dei Signori” на кој се наоѓа статуата на Данте, дворот и куќата на Јулија со нејзината статуа крај која се фотографираат лјадниците туристи... Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописниот град Сирмионе кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век “Scaligera”, низ чија внатрешност се нижат малите и тесни улици. Сместување во хотел во околина на езерото Гарда. Ноќевање.

03.ден МИЛАНО - АЗУРЕН БРЕГ - МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Патувањето продолжува кон Ница со попатна кратка посета на Милано: тврдината Сфорцеско, централниот плоштад на кој се наоѓа најголемата готска катедрала во светот “Duomo”, галеријата “Vittorio Emanuelle” која во затворен коридор ги поврзува катедралата и “Миланската Скала” - една од најпрочуените оперски куќи во светот… Кратка пауза за кафе и одмор. Продолжување на патувањето кон кон Азурниот брег. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел на Азурниот брег. Ноќевање.

04.ден НИЦА - ЕЗ - МОНАКО 
Појадок. Заминување на целодневна прошетка покрај Азурниот брег.Разглед на Ница: хотелот “Негреско”, променадата на Англичаните, пристаништето, плоштадот Масена... Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки. Во попладневните часови организирана посета на идиличното гратче Ез со можност за влез во една од фабриките за парфеми. Продолжување кон кнежевството Монако. Панорамски разглед на една од најмалите држави на светот: Океанографскиот музеј, Ботаничката градина, црквата Св. Никола, гробот на принцезата Грејс Кели, патеката на Формула 1, најпознатиот хотел ”De Paris”. Враќање во хотелот. Ноќевање.

05.ден КАН - ВЕНЕЦИЈА (Лидо ди Јесоло)
Појадок. Организирана посета на Кан: Филмската палата, плочникот со отисоците од рацете на познатите глумци, авенијата на палмите, марината... Слободно време за индивидуална прошетка низ Кан, до продолжување на патувањето кон Венеција и Лидо ди Јесоло. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

06.ден ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран разглед на Венеција со превоз на брод преку лагуната: плоштадот и црквата Св.Марко, Дуждевата палата, Мостот на воздишките, Кулата, Прокуратите, мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки до заминување за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје нареден ден во попладневни часови.


 Цена на аранжманот:  285 Є (17.670,00 мкд)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во хотели ***, 1 НП во околина на езерото Гарда, 2 НП на Азурниот брег и 1 НП во Лидо ди Јесоло.
- Разгледи на Верона, Сирмионе, Милано, Ница, Монако, Монте Карло, Кан, Венеција
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Влезници за културно историски знаменитости
- Превоз со брод „Вапорето„ од Пунта Сабиони – Венеција (15 €)
- Туристичка такса од ноќевање во хотелите во Италија, се плаќа на рецепција


НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и CАВАНА


ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА KOMПЛЕТНАТА ПОНУДА НА ПРОЛЕТНИ ПАТУВАЊА