ТАСОС - Островото на сирените... 

Да се помине одредено време на остров, претставува несекојдневно и убаво искуство. Но велат дека, доколку тоа го направите на најсеверниот и најзелен грчки остров Тасос, тогаш таквото искуство е уште посилно. Привилегијата да се биде толку блиску до оваа природна реткост, беше само дополнителен мотив, овој остров повторно да се најде во овогодишната понуда. Зелениот остров, или “Островото на сирените” – како во митологијата го нарекувале, денес е еден од најпосетуваните грчки острови. Можеби уште при првата средба со него, ви станува сосема јасно за тоа. Мноштвото природни убавини, согледани низ прекрасните плажи, скриените ували, боровите шуми и бујната вегетација која се симнува до самото море, овој остров го прави налик на “Шума која плови”. Специфичниот и жив рељеф, сe карактеризира низ различните брегови и високите планински врвови кои допираат до над 1000 метри над морето. Неговиот пречник од 25км и вкупната должина на брегот (околу 100км) го вбројува во средните по големина грчки острови. Климата која пак, од сета таа природна специфичност се образува, престојот на него дури и ви жешките месеци го прави свеж и пријатен. Главен град е Лименас во кој се наоѓа и најголемото пристаниште. Добрите сообраќајни врски преку автопатот до Кавала, неговата мала оддалеченост од брегот, патот до Тасос го прави брз и поднослив особено за неговите туристи од Македонија. Изборот за престој во едно од најголемите негови летувалишта - Лименарија, е опција кој навистина ќе ви овозможи одличен одмор.
Поврзана слика Резултат со слика за thassos
ПРОГРАМА НА АРАНЖМАНОТ: 


01.ден                                 СКОПЈЕ - КЕРАМОТИ - ТАСОС
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 00:10 часот. Поаѓање за Грција во 00:30 часот наутро. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во пристаништето Керамоти во утринските часови. Превоз со траект до островот Тасос. По пристигнувањето, трансфер до Лименарија или Пефкари и сместување во објектот по избор од програмата. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

од 02. до 07. или 09.ден            ТАСОС (Лименарија)

Денови за одмор и идивидуални активности. Престој во објект по избор од програмата, во студија, апартмани и соби на база ноќевање или полупансион. Комуникација со локалните претставници на агенцијата за евентуални факултативни излети и посети. Ноќевање.

08. или 10.ден                    ТАСОС – КЕРАМОТИ - СКОПЈЕ

Напуштање на собите до 10:00 часот. Во попладневните часови, заминување на траект. По пристигнување на пристаништето во Керамоти, патувањето продолжува кон Македонија. Возење со попатни одмори и застанувања. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.
Резултат со слика за thassos Поврзана слика Резултат со слика за thassos
Автобуски превоз за ТАСОС, според табелата од пакет аранжманот

Место и време на поаѓање:
Скопје      00:30 h    (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес       01:00 h    (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   01:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Удово       02:00 h     (бензиска пумпа, Макпетрол) 
Гевгелија  02:30 h     (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 14:00 h (локално време, 13:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    23:00 h *      (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     22:00 h *      (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        23:00 h *      (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       23:10 h *      (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          23:55 h *      (паркинг пред пошта)
Кичево       22:45 h *      (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга        21:30 h *      (хотел Дрим, трафики)
Охрид         21:45 h *      (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          22:30 h *     (спроти автобуска станица)
Битола        23:30 h *      (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        00:15 h        (БП Лукоил)
Кавадарци   01:00 h        (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      00:15 h        (БП Макпетрол)
Струмица     01:00 h        (паркинг пред Тинекс)
* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.
 
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)
Насока: Скопје-Limenaria,Thassos (450 km)
Скопје-Thessaloniki (E75), Thessaloniki-Kavala-Keramoti (пристаниште) (E90)
Ferryboat Keramoti-Limenas (30 min), Limenas (пристаниште)-Prinos-Limenaria
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
патарини MK (180 ден), брод/автомобил од 17 €, брод/патник 3,20 €
Поврзана слика Резултат со слика за kavala thasos Резултат со слика за filipi thasos
ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА: 
 Доколку сте љубители на активен одмор, на островото престојувате со свој автомобил или пак решите да изнајмите “rent a car”, или пак едноставно не ви смета ни возењето со локалните автобуси... тогаш не ја пропуштајте можноста да го посетите старото планинско село Theologos, во брдата над Потос. Покрај фантастичното доживување на природата и на селската архитектура од 19-от век, Теологос ќе го запаметите и по одличното јагнешко месо на скара или пак специјалитетите од него. Доколку сето тоа го залиете и со одличното домашно вино, засладено на крај со еколошко вкусното овошје, гастрономското уживање навистина ќе остане за паметење. Градот Kavala иако за некого помалку познато, островот Тассос нуди навистина доволно можности за богат летен одмор. Неговата близина до копното и стариот град Кавала, ја дава можноста со неколку туристички прошетки, да се запознаете и со дел од славното минато на овој дел од Македонија. Градот кој некогаш прв го завладува Филип Втори, а во кој уште во 49-тата година Апостол Павле доаѓа да го шири Христијанството, денес претставува еден од најубавите градови во Грција. Близината на античкиот град Филипи – основан од самиот Крал Филип и денес сведочи за некогашната големина на македонската империја. Убавините на Тасос ги има многу. окрај него се нижат безброј мали и големи ували, високи планини над синото море, како и плажи под сенките на столетните дрвја. Тоа е основната слика која ќе ја запаметите при заминувањето од овој остров. Доколку решите да бидете подвижни, веројатноста ќе биде поголема – да ја најдете својата сопствена плажа на островот Тасос. Едноставно, не штедете го времето... истражувајте постојано покрај неговите брегови или низ неговите планини.

 ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА КОМПЛЕТНАТА ПОНУДА ЗА ПРИВАТНО СМЕСТУВАЊЕ НА ТАСОС