07.март               СКОПЈЕ - НОВИ САД

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 ч. пред полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

08.март                    НОВИ САД    
Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Сместување во хотел и краток одмор до заминување на разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

09.март              ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
Појадок.
Полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српската Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по исклучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, можност за факултативна - Свечена вечера во ресторан. Ноќевање.

10.март                  НОВИ САД –СКОПЈЕ
Појадок.
Слободно време за индивидуални активности или факултативно заминување во посета на Салаш, кој ќе ве воодушеви со неговиот автентичен изглед. Организиран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија. Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Патувањето кон Скопје продолжува во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

 Цена на аранжманот:  89 Є (5.518,00 мкд)


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна вечера во ресторан
- Организиран ручек во Салаш  
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здраствено осигурување и други неспоменати посети и услуги

Напомени:    
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
- Организатор на патувањето САВАНА ДОО

GALLERY