Резултат со слика за малта


 04.април (среда)                      СКОПЈЕ - МАЛТА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:50 часот. Лет за Малта (W6 7765) во 17:50ч. Пристигнување на Малта во 19:35 часот. Трансфер до хотел и слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.  

05.април (четврток)                МАЛТА (Валета и Мдина)
Појадок. Организиран целодневен излет во градовите Валета и Мдина. Заминување кон Валета, која е позната и како Град изграден од џентламени за џентламени”. Овој град на барокот денес е дом на безброј музеи: Археолошкиот музеј, Музејот на современа уметност, како и на многубројни продавници, маркети, бутици... Во присуство на локален водич се посетуваат места: “Upper Barraca Gardens” - од каде што се пружа прекрасна панорама на големиот залив, Катедралата “St.John” - украсена со богатсвото кое датира од времето на Витезите на Малта, вклучувајќи го и познатото сликарство на Caravaggio. Претседателската палата, позната како “Grand Master’s Palace”, украсена со портрети на големите европски монарси - Малтешки претседатели... уникатни гобленски таписерии и фрески кои ја отсликуваат Големата oпсада. Разгледот  продолжува кон Мдина - првата престолнина на Малта, позната и како Тивкиот Град. Интригантните тесни и криви улици, со старите и раскошни лампи, овој град навечер го прават спектакуларен. Смирен и тивок”, се придавките кои ја кријат вистината за неговот име. Ѕидините на Мдина датираат од 1090 година, во кои на главниот плоштад се наоѓа барокната катедрала. Во Мдина се наоѓаат и катакомбите “St.Paul”, како и подземните римски гробишта, кои се користеле до 4. век. Мозаиците во “Domus Romana” или Римската Вила (кои датираат од 1.век п.н.e.), се одлична илустрација за некогашното влијание на Хеленската сликовита култура. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
06.април (петок)                      МАЛТА (Јужниот дел на Малта)
Појадок. Факултативен излет низ јужниот дел на островото. Тргнување кон ”Blue Grotto” - местото каде што Малтешките рибари секојдневно го растовараат нивниот улов. Можност за факултативно кратко крстарење со рибарски брод кон една од многубројните морски пештери вклучувајќи ја и обновената “Blue Grotto” - формирана пред илјадници години. Пловењето со брод, нуди можност за фотографирање на фантастичните бои кои се рефлектираат од морската фауна, коралите и карпите околу Малта. Патувањето продолжува кон храмовите “Hagar Qim” и “Mnajdra”, кои се под заштита на UNECO. За овие Мегалитски храмови се вели, дека се меѓу најстарите верски објекти на Земјата. Патот продолжува кон некогашното рибарско село “Marsaxlokk”, кое имало значајна улога во Малтешката историја. За време на 11.век претставувало голем трговски центар, а подоцна за време на Големата опсада било засолниште на турската флота. Денес е едно од најголемите рибарски гратчиња, каде што може да им се восхитувате на стотиците рибарски бротчиња наречени “luzzus”. Посета на “Ghar Dalam Cave & Museum” - место каде што се најдени најраните докази за човековото постоење на Малта (7400 години). Враќање во хотел. Ноќевање
 
07.април  (сабота)                   МАЛТА (Островот Гозо)
Појадок. Факултативен излет на островот Гозо. Пристигнување во “Cirkewwa”, a потоа со фериброд заминување кон островот Гозо - “помалата сестра на Малта. Во присуство на локален водич, посетa нa местата: “Qala Belveder” од каде се пружа прекрасниот поглед кон Гозо, Комино и Mалта, главниот град “Victoria”, кој го добил името по англиската кралица Викториа. рибарското гратче “Xlendi”, храмот “Ggantija” кој е еден од најстарите и најдобро сочувани на малтешките острови, посета на местото каде што се наоѓаше “Azur Window & Inland Sea at Dwejra” - азурниот прозорец - чудото на природата во карпестата околина на “Dwejra”. Враќање во хотелот, во попладневните часови. Ноќевање.  
 
08.април (недела)                    МАЛТА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во попладневните часови, трансфер до аеродромот во Малта. Лет за Скопје (W6 7766) во 20:05ч. Пристигнување во Скопје во 21:50 часот.

  Цена на аранжманот:  455 Є (28.210,00 мкд)
 
АРАНЖМАНОТ Е ПРОДАДЕН !!!   

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз: Скопје - Малта - Скопје
- Аеродромски такси   
- Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10 кг.
- Oрганизирани трансфери во Малта: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел ***, на база 4 ноќевања со појадок.
- Целодневен организиран излет до Валета и Мдина
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:     
- Факулативни излети и посетиКрстарење со бротче: 7-9 (плаќање на лице место), посета на Јужниот дел на островот Малта: 37 €, посета на островот Гозо: 45 €
- Влезници за културно-историските споменици
- Патничко здравствено осигурување: 216 мкд
- Пријавен багаж до 20 кг – информации во агенција 
- Пријавен багаж до 32 кг – информации во агенција 
- Еко такса 0,5 € по лице од ден, се плаќа на рецепцијата во хотелот
- Доплата за 1/1 соба – 110 €

НАПОМЕНИ:   
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

Резултат со слика за малта
 

 ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА KOMПЛЕТНАТА ПОНУДА НА ПРОЛЕТНИ ПАТУВАЊА