06.април (петок)                                СКОПЈЕ - ПАРИЗ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:10 часот. Полетување за Париз во 18:10ч. Пристигнување во Париз на аеродромот Бовез во 21:05 часот. Трансфер и сместување во хотел. Сободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
 
07.април (сабота)                               ПАРИЗ - ЛУВР
Појадок. Панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Слободно време за индивидулани активности и прошетки, или полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа - Nike” од Самотраки, Сплавот на медузата... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд. Ноќевање.
 

08.април (недела)                               ПАРИЗ - ВЕРСАЈ
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најголемите кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви. Дворецот од 1682 г. бил седиште на француската монархија и центар на нејзината моќ, се до падот и победата на Француската буржоаска револуција. Разглед на кралските апартмани, салата на огледалата... како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури и зеленило. Во попладневните часови, можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа најубавиот поглед на Париз... прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Вечерта, Факултативно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод, збогатено со звуците на француската шансона додека се набљудува ноќната панорама на градот. Ноќевање.
 

09.април (понеделник)                      ПАРИЗ - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената можност да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Слободно време за шопинг низ познатата улица Риволи или галеријата “Lafayette”.  Враќање во хотелот со метро и трансфер до аеродромот “Бовез” во 16:30 часот. Лет во 21:40ч. Пристигнување во Скопје, наредниот ден после полноќ или во 00:25 часот.

 Цена на аранманот:  475 Є (29.450,00 мкд) 
   За уплати до 28.февруари:  445 Є (27.590,00 мкд)   

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз - Скопје (со Wizz Air)
- Аеродромски такси во Скопје и Париз
- Голема кабинска торба (55x40x23), максимум 10 кг.
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел “Ibis La Defense Centre” ***, на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Париз
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Задолжително Патничко осигурување 180 мкд
- Пријавен багаж до 20 кг. – информации во агенција 
- Пријавен багаж до 32 кг. – информации во агенција 
- Локален превоз со метро
- Факултативна посета на Лувр, водич и влезница (45 )
- Ф.посетата на Версај - превоз, водич и влезница: (60 €) *резервација и уплата при продажба
- Факултативно крстарење по Сена
- Факултативна посета на Ајфелова кула
- Доплата за 1/1 соба (109 €)
 
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

 Резултат со слика за paris

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА KOMПЛЕТНАТА ПОНУДА НА ПРОЛЕТНИ ПАТУВАЊА