08.март (четврток)                     СКОПЈЕ - АТИНА 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање конГрција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
 
09.март (петок)                           АТИНА 
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака...Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности и прошетки. Навечер, фкултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
 
10.март (сабота)                         АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Слободен ден во Атина или целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница- продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Ноќевање.
 
11.март (недела)                      АТИНА - СУНИОН - ПИРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени... рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање, посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Во попладневните часови, продолжување кон Македонија. Патувањето води покрај Термопилите (споменикот на Спартанците) и клисурата Темби (црквата Агиа Параскеви). Пристигнување во Скопје во доцните вечерни  часови.

 
 
  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  109 Є  (6.760,00 мкд)  

Во цената на аранжманот е вклучено:          
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко здраствено осигуривање
- Факултативен излет на Пелопонез и Арголида (25 
€)
- Факултативна вечера во национален ресторан (30 €)
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
 
Напомени:      
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА 

Comments (0)

LEAVE A COMMENT


captcha
All comments have to be authorized by the website administrators for publication, so please give us some time to authorize the comment before you see it published.