Венеција, градот од соништата. Зарем некој можел да помисли дека е возможно да се живее на вода?! Венеција е најспецифичниот град на светот, град-чудо. Низ вековите била најмоќното медитеранско пристаниште, а и денес нејзиното значење и влијание воопшто не е намалено. Венеција едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади... 

     

08.март (четврток)             СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 16:30 часот. Поаѓање за Венеција во 17:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

09.март (петок)                  ВЕНЕЦИЈА 
Пристигнување во околина на Венеција (Лидо Ди Јесоло) во претпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Во попладневни часови преку пристаништето Пунта Сабони, превоз со брод и посета на Венеција: Плоштадот и црквата Св. Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде... слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

10.март (сабота)                 ВЕНЕЦИЈА (или ФИРЕНЦА)
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки во Венеција или можност за факултативна целодневна посета на Фиренца - еден од најсликовитите Италијански градови, познат и како Бисерот на ренесансата. Панорамско разгледување на градот во кој твореле големите уметници на 14 и 15 тиот век: Базиликата на Св. Крст (Santa Croce) - Фиорентинскиот Пантеон со гробовите на великаните ( Макијавели, Росини, Данте, Галилеј), палатата Гонди во која Леонардо ја наслика Мона Лиза, плоштадот Сињори (своевиден музеј на отворено со бројни скулптури, ремек дела на ренесансата, стариот мост Понте Векио и истоимената палата, Базиликата Сан Лоренцо со капелата на Медичи, крстилницата Сан Џовани... Враќање  во хотелот во доцните вечерни часови. Ноќевање.

11.март (недела)     ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА (Лаго Ди Гарда) - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот во Венеција и заминување за Верона и Лаго Ди Гарда. Посета на градот на Ромео и Јулија, со разглед на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Во продолжение на денот, посета на местото Сирмионе на езерото Лаго Ди Гарда, каде се наоѓа прекрасниот замок на семејството Скалиѓери. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

12.март (понеделник)         СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 Є  (8.000,00 мкд)


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***, во околина на Венеција, 2 ноќевања со појадок
- Разглед на Венеција, Верона и Лаго Ди Гарда
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабиони – Венеција (15 €)
- Туристичка такса 1 € по лице од ден (се плаќа во хотелите)
- Факултативна посета и разглед на Фиренца (45 €)
- Влезници за музеи и културно-историски споменици
- Туристичко патничко осигурување
 
НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА.