МАДРИД – главен и најголем град во Шпанија од 1561 година е дом на многу атракции- Музејот ПРАДО, и Кралската Палата, најголема во Европа која се наоѓа во центарот на оваа метропола. Стар Мадрид се протега од Plaza de la Villa до Puerta del Sol, каде постојано можете да видите голема раздвиженост од туристи. Тука се уште голем број на атракции кои што можете да ги посетите како и најпознатите брендови на продавници.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ДЕН/29 Декември/Петок СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – МАДРИД
 Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 07.00 часот. Лет за Истанбул ТК1004 во 08. 55часот. Во  14. 10 часот лет за Мадрид и пристигнување во 16.40 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола се упатувме кон хотелот.  Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ДЕН: 30 Декември/ Сабота: ТОЛЕДО
 Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на Толедо, поранешниот главен град на Шпанија. Посета на Катедралата од 13 век изградена во готски стил со професионален локален водич. Слободно време за индивидуална прошетка и шопинг во уникатниот град Толедо кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО уште од 1986 год. Враќање за Мадрид во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ДЕН: 31 Декември/Недела:   МАДРИД
 Појадок. Тричасовен панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Plaza de Toros, стадионот на Сантијаго Бернабе, Atocha – познато градско збиралиште , Gran Via, Castellana, Paseo del Prado - дел од градската авенија на која се сместени неколку познати музеи, Plaza de Oriente - каде што е лоцирана Кралската Палата и Операта и  Plaza de España - -плоштадот Шпанија на кој е сместен споменикот на Цервантес и ликовите од неговиот роман, која е најчитана книга по библијата. Вечерта дочек на Новата Година на некој од плоштадите. Ноќевање.

4 ДЕН/ 01 Јануари/ Понеделник МАДРИД – ЕЛ ЕСКОРИАЛ
 Појадок. Полудневен излет на кралското место и манастирот Св. Лоренцо, осмото светско чудо во местото Ел Ескориал, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Враќање во Мадрид и слободно попладне. Ноќевање.

5 ДЕН/ 02 Јануари /Вторник МАДРИД – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ 
По Појадокот, трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 12.10 часот и пристигнување во 18.35 часот. Летот за Скопје е во 20:15 часот и пристигнување во 19.45 часот.
           

Hotel Santos Praga 4* 29.12.2017 – 02.01.2018
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 5. Ноември 475 € / 29.450мкд
Цена по лице во двокреветна соба 525 € / 32.550 мкд
Доплата за еднокреветна соба 160 €/ 9920 мкд
Попуст за трето лице - 70 € / - 4340 мкд

 ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€
Oпштите услови за патување на СКТМ се составен дел од овај аранжман

Во цената е вклучено :
* Повратен авио билет на релација Скопје-Мадрид-Скопје, со лет на Turkish Airlines
* Трансфери према програмата
* 4 ноќевања со појадок во хотел
* Организиран полудневен разглед на Мадрид  со локален водич
* Организација на аранжманот и пратител на групата 

Во цената не е вклучено:
* Аеродромски такси ( 156  € / 9.672  мкд)
* Факултативни излети (Толедо (целодневна екскурзија)  – 60 еур, Ел Ескориал (полудневна екскурзија) – 55еур
* Патничко здравствено осугурување
* Туристичка такса се плаќа на рецепција во хотел 

Напомени:
  Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20. 
• Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена

 • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот. 
• Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини. 
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот. 
 • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.