Поклоничко патување во чест на Пресвета Богородица, Апостол Јован Богослов и Цариградската Патријаршија.
 


 06.декември (среда)               СКОПЈЕ - БИТОЛА - ТУРЦИЈA 
Состанок на групата во 16.00 часот на паркингот пред хотелот “Holiday inn” во Скопје и заминување за Битола. Средба со останатите патници во 17.00 чaсот, пред спортската сала “Младост”. Патот кон Турција води преку Грција и граничниот премин Меџитлија - Ники. Ноќно возење по автопатот Игнатиа, со попатни застанувања и одмори.

07.декември (четврток)  ЧАНАКАЛЕ - КУШАДАСИ

Патот низ Турција кон Кушадаси, води преку градот Чанакале и Мраморното море. Премин со траект на другата страна од копното и продолжување на патувањето покрај егејскиот брег. Пристигнување во летувалиштето Кушадаси во доцните попладневни часови. Сместување во хотел и слободно време за одмор. Вечера.Ноќевање. 

 

08.декември (петок)              КУШАДАСИ - ЕФЕС - СЕЛЏУК 

Појадок. Организирана посета на античкиот град Ефес, во чија непосредна близина се наоѓа и куќата на Пресвета Богородица. Се верува дека таа живеела во неа, во времето на прогоните од Ерусалим. Во истиот период, тука престојувал и светиот апосотол Јован Богослов, а во блискиот Селџук покрај остатоците на некогашната христијанска базилика, се наоѓа и неговиот гроб. Поклонение на гробот на христовиот апостол и краток одмор. Познато е дека во некогашен Ефес бил и светиот апостол Павле кој го хриситијанизирал, како и Марија Магдалена која тука и се упокоила. Нејзините посмртни останки, подоцна се пренесени во Франција и во Рим. Доцна вечерта заминување кон Истанбул. Патот води преку градот Бурса и новиот мост над Астачкиот залив.Ноќно возење.

09.декември (сабота) КУШАДАСИ - ИСТАНБУЛ 

Во раните утрински часови пристигнување во Истанбул. Панорамски разглед на христијанските објекти во стариот дел на градот: Валенсовиот аквадукт (од 368г.), црквата Света Софија - ремек дело на византиската архитектура, подигната од царот Јустинијан I (во 537г.) врз темелите на Костантиновата и Теодосијевата црква. Во продолжение, посета на црквата Св.Ирина - една од малкуте кои не станале џамии, на музејот на мозаиците, кој ни ја приближува убавината и богатството на оддамна исчезнатата “Голема палата”, како и на палатата “Цистерна”- стариот византиски резервоар за вода (од 542г.). Сместување во хотел и слободно време за одмор. Ноќевање.

10.декември (недела)               ИСТАНБУЛ 

Појадок. Целодневна посета на христијанските светилишта (во зависност од нивната фактичка состојба и реални околности). “Фанар”- вековното седиште на Вселенската патријаршија и прв трон според честа во православната вселенска црква, црквата Св.Ѓорги, подигната во 1720г. и во која се чуваат духовните вредности и моштите на Св.Великомаченичка Ефимија, Св.Соломонија, Св.Теофана, како и дел од столбот на кој е камшикуван Исус Христос. Посета на манастирот Пантократор, посветен на Христос Пантократор и подигнат од царот Јован II Комнин и царицата Ирина, меѓу 1124 и 1136г. Во него од 1314 до 1320 г., живеел ослепениот и протеран од Србија, Стефан Дечански со неговите деца Душан и Душица. Токму во овој манастир, Свети Никола му го вратил видот. Црквата на Богородица Памакаристос, била главен храм на познатиот цариградски манастир, која потекнува од 11 век. Во времето од 1455 до 1588г., кога црквата била претворена во џамија “Фетије”, манастирот бил седиште на Вселенската патријаршија. Поранешната црква и денес е џамија, а нејзиниот параклис е музеј во кој делимично се сочувани мозаиците настанати помеѓу 1310 и 1315 година. Тие зрачат со отменост, племенити созвучја од бои, суптилни чувтсва и бирани гестови. Со сето тоа овој параклис е единствен во византиската уметност, а неговите мозаици се вбројуваат во редот на репрезентативните остварувања од ренесансата на Палеолозите. Посета на црквата “Кора” која е дел од некогашниот цариградски манастир, а која ја обновил и доградил најучениот византиец во тоа време - Теодор Метохит, од 1316 до 1318г. Црквата е богато украсена со фрески и мозаици, кои претставуваат и најопсежен дел од византиската уметност сочуван до денес. Таа е денес музеј, кој после црквата Света Софија претставува највреден и најубав споменик на византискиот Цариград. Црквата Св.Богородица - “Живоносен источник”, по преданието прв ја изградил царот Лав I во петиот век. Повеќепати е рушена и обновувана, а сегашната ја подигнал вселенскиот патријарх Константин во 1835г. Во портата на црквата, се наоѓаат надгробните споменици на 20 вселенски патријарси кои се таму погребани. Посета и на бугарската т.н. “железна црква” Св.Стефан, на Патријаршиската гимназија, на црквата “Покров на Пресвета Богородица-Влахерна, како и на манастирот ”Балаклија”. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

11.декември (понделник)               ИСТАНБУЛ - БИТОЛА - СКОПЈЕ 
Појадок. Во утринските часови заминување кон Македонија. Дневно возење преку Турција и Грција, со попатни застанувања и одмори. Последователно пристигнување во Битола и во Скопје, во вечерните часови. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  9.300,00 мкд

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација 

- Превоз со Брод преку Мраморното Море 
- Сместување во хотели *** на база 1 полупансион и 2 ноќевања со појадок, според програмата
- Организирани посети според програмата, во придружба на локален водич и духовно лице (теолог или вероучител).
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеите и културно историските споменици.
- Здравствено-патничко осигурување

Напомени:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.

- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 45 патници.

- За овој аранжман важат Општите услови на патување на САВАНА и СКТМ