Image result for THESSALONIKI


09.март (петок)                      СКОПЈЕ - СОЛУН - ЛЕПТОКАРИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06:30 часот. Поаѓање за Грција во 07:00 ч. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица-Евзони. Пристигнување во Солун и панорамски разглед на градот: Виа Игнатиа, Црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот форум, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и Белата Кула, Археолошкиот и Византискиот музеј... Слободно време за индивидуални прошетки и "шопинг". Во доцните попладневни часови, патувањето продолжува кон Лептокарија. Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

10.март (сабота)                   МЕТЕОРИ
Појадок. Целодневен факултативен излет до манастирите Метеори, со посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високите камени карпи над гратчето Каламбака. Единствената местоположба на оваа монашка заедница, ни овозможува како ретко каде да ја почуствуваме силната посветеност кон бога, на монасите и испосниците кои низ вековите во Метеори ја пронаоѓале својата цел. При враќањето попатна посета на малата карпеста црква Агиа Параскеви (Св.Петка), изградена во клисурата Темби. Враќање во хотел. Навечер можност за факултативна вечера во грчка таверна, со богато мени и музичка програма. Ноќевање

11.март (недела)                     ЛЕПТОКАРИЈА - ЛИТОХОРО - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување кон Скопје со попатна посета на живописното гратче Литохоро кое се наоѓа во подножјето на планината Олимп. Во попладневните часови патувањето продолжува кон граничниот премин Евзони-Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


Цена на аранжманот:  
69 €   (4.280 мкд)
аранжман со 1 ноќевање, 10. и 11.март  49 €  (3.040 мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:    
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***,  2 ноќевања со појадок
Организирани разгледи на Солун и Литохоро
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:     
- Влезници за музеите и културно-историските споменици.
- Факултативна вечера во таверна со уметничка програма (25 €)
- Факултативен излет до Метеори (15 €)
- Патничко здравствено осигурување
 
НАПОМЕНИ:               
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА