РАФАЕЛО

Рафаело Санцио де Урбино или Рафаело Санти (1483-1520 година) е италијански уметник и архитект од Фиренската школа. Тој е претставник и твори во времето на Ренесансата, кој го опфаќа периодот од XV век до првите години на XVI век. И покрај за жал својот краток животен век Рафаело оставил после себе си огромно живопишно наследство. Уште како млад тој бил прочуен како “сликарот на богородици“. Голема слава му донасуваат и неговите фрески во Ватикан. 
  
Рафаело стои заедно со Леонардо да Винчи и Микеланџело како еден од најважните мајстори во историјата на уметноста. Како сликар и архитект, работејќи во Фиренца и во Рим, папи и принцови, Рафаело бил вистински универзален гениј на Високата Ренесанса, кој постојано се обидувал  да постигне рамнотежа меѓу имитацијата и идеализацијата на природата.

ИЗЛОЖБАТА НА РАФАЕЛО ВО АЛБЕРТИНА
СЕПТЕМВРИ 29, 2017 – ЈАНУАРИ 7, 2018
Албертина ја поставува првата изложба во Австрија, која ќе ги претстави  дела само  од Рафаело  Околу 130 цртежи и 17 слики ќе ви ги претстават сите важни проекти на уметникот: од неговиот почетен умбриски период (до 1504) до неговите години во Фиренца (1504 / 1505-1508) и до неговиот римски период (1508 / 1509-1520 ).
 
На оваа изложба се вклучени импресивни дела од сите негови креативни периоди.
Бројни дела од сопственост на музеите, како и од реномирани приватни колекции ќе ви дадат детален впечаток за опусот на овој високо ренесансен господар. Рафаеловите дела со својот процес и начин на изведба, од дизајн до финалена композиција се масестрални дела и не само неговите финални слики туку и неговите цртежи и скици. Кои дела на оваа изложба ни даваат ретроспективен приказ на рафаеловото творештво.
 
Оваа изложба на Музејот на Албертина во соработка со музејот Ashmolean од Оксфорд.