29.декември (петок)                СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 06:50 часот. Лет за Истанбул ТК1004 во 08:55ч. Пристигнување во Истанбул во 12:30ч. Трансфер до хотелот со попатно панорамско разгледување на градот: Ак Сарај, Римскиот аквадукт, плоштадот Таксим, Сулејманијата, Бајазитовата џамија, Универзитетот, Капали чаршијата... завршеток со пешачки разглед на “златниот рог” и неговите знаменитости: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, која воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
 
30.декември (сабота)              ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за посета и на подземната „Цистерна“ (позната и како „Потоната палата“ - најголемиот од неколкуте антички резервоари за вода кој сеуште се користи во Истанбул). Можност за посета на „Цариградската Патријаршија“ (позната како „Вселенска патријаршија“ и една од четиринаесетте автокефални православни цркви, на чиј престол стои Вселенски Патријарх со статус "прв меѓу еднаквите православни епископи"). Ноќевање.
 
31.декември (недела)              ИСТАНБУЛ - ПАЛАТИТЕ ДОЛМА БАХЧЕ и ТОП КАПИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативна посета на најпознатите палати во Истанбул. Долма Бахче Сарај првиот дворец изграден во Османлиската империја, кој до 1922г. бил резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 г. во него живеел и Кемал Ататурк. Денес е национален музеј, кој содржи уметничко-историски збирки од непроценливо богатство. Палатата Топ Капи – некогашно главно седиште на Османлиската империја, изградена во времето на Султан Мехмед II. Денес е музеј во кој се наоѓа и мечот нa прорoкот Мухамед. Вечерта, факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан, со богато мени и културно-уметничка програма. Ноќевање.
 
01.јануари (понеделник)          ИСТАНБУЛ - БОСФОР - СКОПЈЕ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или можност за факултативно крстарење со брод по Босфор и панорамско разгледување на палатите од двете страни на каналот. Пловење под мостовите над Босфор, кои ги поврзуваат копната на континентите Европа и Азија, Попладне заминување кон Македонија. Лет за Скопје ТК1005 во 20:15ч. Пристигнување во Скопје во 19:45 часот.

Цена на аранжманот:              329 €     (20.400 мкд)
Цена во претпродажба:          299 €     (18.540 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:          
- Повратен авионски билет со вклучени аеродромси такси
- Сместување во Истанбул, во хотел ***,  на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Истанбул
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Факултативна посета на Долма Бахче Сарај  и Топ Капи, со водич и влезници (35 €)
Факултативна Новогодишна вечера во ресторан со уметничка програма (70 €)
Факултативно крстарење по Босфор со водич (20 €)
- Влезници за музеи, палати и културно историски споменици
- Патничко здравствено осигурување (270 мкд)
 
НАПОМЕНИ:
- Датум на важност на пасош: минимум 120 дена од датумот на враќање.
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

GALLERY