ЏАКАРТА е главен и најголем град во Индонезија. Се наоѓа на северозападниот дел на островот Јава. Се простира на површина од 664 км2  а во него живеат околу 9,5 милјони жители. Со пошироката околина оваа бројка се искачува на 24 милјони жители. Џакарта е значаен политички центар на Индонезија, исто така  е и многу популарна дестинација на туристичката мапа на оваа островска држава.

На територијата на Џакарта преовладува тропска монсунска клима, со влажни и суви периоди. Влажната сезона трае од ноември до јуни. Остатокот од годината е под влијание на сува клима. Температурите се генерално пријатни и постојани во текот на целата година.

Џакарта не е само архитектура. Ова е град за вистинско уживање. За шопинг има голем број продавници и трговски центри. Постојат врвни ресторани каде што можете да пробате многу вкусни јадења, домашни и странски. Градот е исполнет со клубови и барови. За убавина и релаксација има центри за масажа и спа центри. За целосно  доживување, можете да посетите  некои од плажите на  Џакарта,  но не треба да се ограничувате само на тие плажи бидејки Индонезија е полна со прекрасни плажи и места за уживање. Џакарта нуди многу повеќе. Градот е исполнет со богато културно и историско наследство и е во совршена симбиоза со современиот начин на живот. Ова е град на забава и возбудливи доживувања, со гостопримлви, насмеани и пријателски настроени луѓе. Џакарта, заедно со островот Индонезија,  е прав рај  и одлична дестинација за незаборавно патување.

Наша препорака:

Катедралата се  наоѓа во центарот на Џакарта. Црквата е посветена на Света Богородица и е изградена  во готски стил. 
 

Џамијата Istiqlal (џамија на независноста) е изградена на темелите на холандската тврдина, Идејата за изградба на џамија потекнува од министерот за религија од периодот на Сукарна. Архитект на овој проект бил Фредерик Силабан, а изградбата на џамијата започна во 1961 година и со мал прекин е  завршена во 1978 година, џамијата станала симбол на Индонезија, а исто така е прогласена за најголема џамија во Југоисточна Азија.
 

Стариот град  кој е одличен пример за преплетување на историските настани и мешање на различни цивилизации.

Националниот споменик (Monas) е едно од најинтересните места во градот. Мона со златениот врв кој е осветлен во текот на ноќта стана симбол на  градот Џакарта. Оваа туристичка атракција на градот собира луѓе од сите страни. Често, ова место се користи како центар за одржување на културни настани и фестивали.  Во комплексот на споменикот се наоѓа музеј кој има разновидно културно и уметничко наследство од цела Индонезија. Многу од археолошките наоди се наоѓаат во Монас. Ова е одлично место на запознавање на многу долгата и богата историја и културно наследство на Индонезија. Дефинитивно вреди да се посети.

Taman Mini "Indonesia Indah" (мнинјатурен парк на Индонезија), кој го претставува богатството на оваа земја . Оваа туристичка атракција го  прикажува шармот  и културната  разновидност на племиња кои живееле на островите на Индонезија. Овде, посетителите можат да видат различни видови куќи, облека, храмови во племенски стил, уметнички и танцувачки претстави од сите 33 провинции. Исто така во склоп на овој парк има и голем број музеи, како што се градежниот музеј, музејот на птици, музејот на ептили и занаетчискиот музеј. Ова е место за вистинско уживање и учење за минатото на Индонезија.

Ragunan Zoo е најстарата золошка градина во Индонезија. Основана  е во 1864 година под името „ Planten En Dierentuin “, што значи "Растенија и зоолошки градини". Градската администрација на Џакарта донирала 30 хектари простор што стана дом на оваа градина. Во зоолошката градина има околу 295 различни  видови и околу 4040 единки. Ова е одлично место за пријатен ден и уживање.

                                                         БАЛИ
БАЛИ е индонезиски остров и се наоѓа меѓу Јава на запад и Ломбок на исток. Ова е една од 33 покраини со главен град Денпасар на југот од островот. Бали воедно е најмалата покраина во Индонезија. Овој остров се протега на површина од 5. 780 06 км2, со околу 5,6 милјони жители. Бали е населен уште од пред 2000 г. пне. Денес  поголем број од популацијата на Бали се индонезиски хиндуси кој се малцинство во Индонезија. Бали е голем извозник, на ориз, кафе, памук и тутун и е многу позната туристичка дестинација. На територијата на Бали преовладува тропска клима. Просечната годишна температура изнесува 31 °C . Од Октомври до Април трае влажната сезона, а од Декември до Март можно е да има монсунски дождови, сувата сезона трае од Мај до Септември. Просечната температура на водата е околу 28 °C. Последните децении Бали стана една од најголемите и најпознати туристички дестинации во овој дел од светот. Секој година островот го посетуваа неколку милјони туристи од целиот свет.Бали има многу да понуди. Островот е исполнет со голем број културни и историски споменици и други знаменитости. Ова е место на голема забава. Бали има голем број на егзотични плажи кои несомнено ќе ги задоволат различните потреби на туристите (нуркање, сурфање, пливање, уживање на бел песок... ) Плажите се полни со млади луѓе од целиот свет што значи забавата нема да ви недостасува. Бали содржи автентичност која го разликува од остатокот од Индонезија и преставува прекрасна дестинација за незаборавно уживање и одмор.
 

Наша препорака:
Убуд е град на Бали, сместен меѓу оризови полиња и стрмни клисури во централното подножје на реката Џијан. Познат е како центар за уметност и културен развој.  Убуд има население од 30.000 жители. Целиот град е  опкружен со мали фарми, оризови полиња и густа шума. Препорачуваме да го посетите музејот во Убуд  кој е центар на балиското сликарство. Во збирката на овој музеј има модерн дела на балиските сликари кои датираат од почетокот на овој век.
  
Кута е најпознато туристичко место на островот Бали со одлични плажа за сурфање,  што го прави многу популарно за млади и покрај тоа што не е многу погодно за пливање поради морските струи. Кута е познат по неверојатните зајдисонца Ова туристичко место е исполнето со ресторани, продавници, дискотеки ноќни клубови и други угостителски објекти.

Нуса Дуа е област во јужниот дел на Бали,  позната  по своите чисти плажи со бел песок, кристална вода и луксузни хотели. Ова туристичко место  се наоѓа 22 километри од Денпасар, главниот град на провинцијата. 

Tanah Lot е еден од најважните храмови во Бали. Изграден е на врвот на oгромна карпа опкружена со море. Овој храм бил изграден од еден од последните свештеници кои пристигнале на Бали во 16 век.  Во основата на карпестиот остров се верува дека има отровни морски змии кои го чуваат храмот од зли духови и натрапници. Храмот, наводно, бил заштитен од џиновска змија, која била создадена од серандангот (вид на појас) на Нирарта кога го основал островот.

Gianyar некогаш бил главен град, а денес е центар на текстилна индустрија. Доколку го посетите овој град ќе имате можност да видите традиционални начини на изработка на ткаенината и да поестите некоја од нивните фабрики.

Pura Besakih познат како "Храмот на мајката", е најголемиот и најсвет храм од сите храмови на Бали. Се наоѓа на падините на планината Агунг, а до него може да се стигне преку скали којшто се стари повеќе од 1000 години. Трите главни храмови се посветени на Тројствоти Шива, Брахма и Вишну а околу нив има 18 одвоени храмови, кои припаѓаат на различни групи и касти. За локалното население посетата на овој храм се смета за Аџилак.

Pura Kehen е срцето на бројните храмови на Бали и е еден од најубавите храмови во источниот дел на Бали. Овј храм преставува минијатурна верзија на Pura Besakih, а неговото потекло може да се проследи од почетокот на 11 век. Во дворот има големо дрво Banyan.

Gunung Batur е вулкан кој е сеуште активен. Се наоѓа на надморска височина од 1717 метри, а локалното население го почитува како втора најсвета планина на островот, веднаш зад Гунунг Агунг. Оваа планина го симболизира човекот наспроти Агунг, кој ја симбилизира  жената.