СЕЈШЕЛСКИ ОСТРОВИ

Сејшелите преставува архипелаг од 115 гранитни и корални острови со легендарна убавина на западната обала на Африканскиот континент во западниот Индиски океан, на 1500 километри оддалеченост од копното на Африка, или поточно североисточно од Мадагаскар. 

Овој прекрасен рај Ви нуди преубави плажи, туркизно плаво море и пријатно топло време. Поради тоа не е ни чудно што Сејшелите многумина го сметаат  за најубав архипелаг во светот. Неколку стотици плажи се протегаат на островите Мае, Прале и  Ла Диг кои се  едни од најубавите во светот. Сејшелските острови уживаат во тропска клима во текот на целата година и воглавно нема екстремни временски промени. Во овој пријатен тропски рај, температурите ретко се симнуваат под 24 степени ниту се искачуваат над 32 степени.

Одморот во Сејшелите  несомнено ќе Ви биде еден од најубавите бидејки со својата природна убавина, безбедност и мир на своите гости им нуди разноврсни можности за  уживање во широката понуда за откривање на островите и тропските авантури, едрење, нуркање, риболов, како и романтични прошетки. Сите овие основни состојки во оваа држава се комбинираат со риба од Индискиот окејан и најразлични тропски зеленчуци и овошја. 

Доколку одлучите да патувате на Сејшелите, ќе имате прилика да имате незаборавен одмор уживајки  во земјата со “вечно сонце” кадешто хармонијата преставува начин на живот.Image result for seychelles
Корисни информации

ВАЛУТА  сејшелски рупи, понети долари (не постати од 2003 година)
ЈАЗИК  англиски, француски и креолски
ВИЗА за македонски државјани не е потребна
СТРУЈА  потребен е адаптер (повеќето хотели го имаат во понуда)
КЛИМА   24-32 стпени во текот на целата година

Мае (француски:Mahé)  се наоѓе во североисточниот дел на Сејшелите и  е најголем остров во архипелагот со 157,3 км2.  Во 2010 г. имал 77.000 жители , што претставува 86% од вкупното население на државата. На него е сместен главниот град на Сејшелите, Викторија. Островот е наречен во чест на францускиот поморски офицер Бертранд-Франсоа Мае де ла Бурдоне (1699 - 1753), управник на Маврициус. Жителите се сместени претежно во северните и источните делови на островот, каде се наоѓа и меѓународниот аеродром. Во јужниот и западниот дел се сместени морските национални паркови „Залив Терне“, „Порт Лоне“ и Универзитетот на Сејшелите. 

Праслин ,некогашно засолниште на пиратите и арапските трговци  e вториот најголем остров на Сејшелите, со популација од околу 7500 жители. Денес  овој рајски остров претставува популарна туристичка дестинација.   На овој остров се наоѓаат Ансе Лацио и Ансе Жоржет  песочни   бели плажи  со  тиркизната боја на океанот, а вбројуваат во најубавите плажи во светот. Воедно  на островот има и голема експанзија на тропски шуми, а познат е исто така по уникатниот вид палма Коко де мер и по ванилините орхидеи Островот е богати со разни птици, меѓу кои и ендемскиот сејшелски биљбиљ. 

Ла Диг е трет по големина остров на Сејшелите  со популација од околу 2800 жители. Исто како и Мае и Праслин има прекрасни плажи со бел песок и богата тропска вегетација. Најпознати плажи на овој остров се Anse Source d'Argent  и Grand Anse. На овој остров има   значителна популација на гигантски желки кои доаѓаат од островот Алдабра.


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден  Полетување од Скопје во 11:55 часот, пристигнување во Доха  18:50 часот
2 ден Полетување од Доха во  2:30 часот  пристигнување во Сејшели во  09:10 часот
3 ден до 10 ден Престој во избраниот хотел на база ноќевање со појадок ,  слободно време за индивидуални активности и одмор. 
11 ден Полетување од Сејшели за Доха во  18:10 часот, слетување во 22:45 часот.
12 ден Полетување од Доха за Скопје во 07:15, пристигнување Скопје во 10:55 часот.


СЕЈШЕЛИ
ИНДИВИДУАЛНИ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ

ХОТЕЛИ Соби Услуга јануари февруари  март  април
Berjaya Beau Vallon Bay Resort аnd Casino ***
Beau Vallon, Mahe Island
DBL Superior  7BB  1014  926  926  1091
The Britannia Hotel Praslin *** 
Praslin Island
DBL Superior  7BB  1043  1043  1043  1043
Indian Ocean Lodge *** 
Grand Anse Beach, Praslin Island 
DBL  7BB  1434  1375  1375  1375
Avani Seychelles Barbarons Resort & Spa **** 
Off the West Coast Road,Praslin Island 
Avani Standard  7BB  1317  1317  1400  1528
The Coco de Mer аnd Black Parrot Suites ****
Anse Bois de Rose, Praslin Island 
DBL Honeymoon Superior  7BB  1543  1543  1543  1543
Hotel Le Duc de Praslin **** 
 Baie Sainte Anne, Praslin Island
DBL Superior  7BB  1693 1693  1752  1752
Hilton Seychelles Northolme Resort & Spa *****
Anse Forbans, Mahe Island
Villa king  7BB  2167  2167  2067  2067

 * Цените се дадени по лице, изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 € = 62 мкд.)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација  Скопје -Доха- Сејшели
- Авионски превоз на релација Сејшели-Доха-Скопје
- Аеродромски такси
- Сместување во одбраниот хотел на база на 7 BB (ноќевање со појадок)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
 ***Трансфери од аеродром до   соодветниот хотел
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена по лице  за миниум 2 лица
- Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите. 
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.

GALLERY