28.декември (петок)          СКОПЈЕ - АТИНА 
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00ч. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
 
29.декември (сабота)           АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности и прошетки. Ноќевање.
 
30.декември (недела)        АТИНА - КОРИНТ - ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Слободен ден во Атина или целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида. Разглед на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Вечерта, можност за факултативна посета на национален ресторан - таверна на Плака, со уметничка програма и традиционално мени од грчката кујна. Ноќевање.
 
31.декември (понделник)     АТИНА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Mожност за шопинг низ најпознатите шопинг центри 'Golden Hall', 'McArthurGlen Designer', 'Athenian Capitol', 'Ermou Street', Колонаки плоштадот. Вечерта, факултативна Новогодишна вечера во таверна на Плака со богата уметничка програма и новогодишно мени, како можност за индивидуално присуство на Новогодишната  прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма”. Ноќевање.

01.јануари (вторник)            АТИНА - СУНИОН - ПИРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот, на полудневен излет покрај Аполоновиот брег на Атика. Панорамски разглед на летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е воедно и најужниот дел од европското копно. Поглед кон локалитетот со остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање, разглед на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Во попладневните часови, продолжување кон Македонија. Патот води покрај Термопилите (споменикот на Спартанците) и клисурата Темби (црквата Агиа Параскеви). Пристигнување во Скопје во доцните вечерни  часови.

Цена на аранжманот:  
139 €  (8.620 мкд) за уплати до 15.ноември
149 €  (9.240 мкд) редовна цена                 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативен излет на Пелопонез и Арголида (30€)
- Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан (65 €) 
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Туристичка такса 1,5€ по лице на ден, наплата на рецепција во хотелот
- Патничко здраствено осигуривање (164 MKD)
 
Напомени:      
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА Скопје