Верона, Лаго ди Гарда, Лугано, Комо, Венеција...

„Северниот бисер“ на Италија како го нарекуваат Милано, е современ град со бурна историја и стари градби, центар на светската мода. На прв поглед Милано изгледа како грациозен модел на писта со одлична коскена структура, екстравагантен стил и без очигледна душа. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата. Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, фабулозната аперитив сцена или во некој од жешките клубови до раните утрински часови. 
 
 
29.декември (петок)                СКОПЈЕ - ВЕРОНА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во Скопје, во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

30.декември (сабота            ВЕРОНА - ЛАГО ДИ ГАРДА
Пристигнување во Верона околу пладне. Разгледот на градот на Ромео и Јулија: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена. Прошетката продолжува по улицата “Mazzini”, која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а од таму кон дворот, од куќата на Јулија. Слободно време за посети и индивидуални активности. Патувањето продолжува кон Езерото Гарда. Разглед на живописното место Сирмионе, кое со необично формираниот полуостров, длабоко навлегува во езерото. Градот го карактеризира старата тврдина од XIII век “Scaligera”, како и мноштвото мали улички низ него. Сместување во хотел. Ноќевање.

31.декември (недела)              МИЛАНО
Појадок. Патувањето продолжува кон Милано. Посета и разглед на градот: тврдината Сфорцеско, централниот плоштад со истоимената и најголема готска катедрала во светот - “Duomo”, галеријата “Vittorio Emanuelle” која ги поврзува катедралата и Миланската Скала (една од најпрочуените оперски куќи во светот). Можност за посета на црквата “Santa Maria delle Grazie”. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта, индивидуален дочек на Новата 2018 година, на некој од плоштадите или рестораните во Милано. Ноќевање.

01.јануари (понеделник)          МИЛАНО - ЛУГАНО (Швајцарија) - ЛАГО ДИ КОМО
Појадок. Слободен ден во Милано, или факултативна посета на градот Лугано во Швајцарија. Панорамски разглед на градот: црквите “San Rocco”, “San Antonio” и Santa Maria di Angelo, стариот град со своите плоштади Piazza Ciochara и Piazza della Reforma, казиното, палатата Civico - Villa Cianni, големиот градски парк (еден од најубавите во Швајцарија) Parco Civico“. Во продолжение, попатна посета на градот Комо (лоциран на истоименото езеро Лаго ди Комо), каде многу познати лица од светскиот џет сет, имаат свои куи и вили. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Милано. Ноќевање.
 
02.јануари (вторник)               МИЛАНО - ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ 
Појадок. Заминување од Милано. Патувањето низ регионот Венето, нуди можност за попатна посета на Венеција. Превоз од предградието Мештре до стариот град со локален воз (факултативно). По пристигнување, слободно време за заединичка или индивидуална прошетка низ најромантичниот град во светот: Каналот Гранде, Мостот Риалто, Плоштадот и црквата Св. Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Венецијанската кула... Патувањето продолжува кон Македонија со ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија. Попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови.

 Цена на аранжманот:               209 €    (12.960 мкд)
Цена во претпродажба:            199 €    (12.340 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:           
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотели ***, на база 1НП во околина на Верона и 2НП во Милано
- Разгледи според програмата, на Верона, Лаго ди Гарда, Милано и Венеција.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:                                             
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Факултативна посета: Лугано и Комо (30 €)
- Превоз со локален воз: Мештре-Венеција-Mештре (околу 4 €)
- Патничко здравствено осигурување  
- Туристичка такса по лице од ден, уплата индивидуално на рецепција во хотелите (околу 3€)
 
НАПОМЕНИ:               
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА