29.декември (петок)           СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот 'Holiday Inn'. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор. 

30.декември (сабота)         БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот, познат и како „малиот Париз на Истокот“: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната порта, Палатата на Парламентот (најголемата административна зграда во Европа), Патријаршијата, Селото Музеј... Во попладневните часови, сместување во хотел и слободно време за одмор. Ноќевање.
 
31.декември (недела)        БУКУРЕШТ - СИНАЈА - БРАН - БРАШОВ
Појадок. Заминување на факултативен излет, со посети на дворецот Пелеш во Синаја (еден од најубавите дворци во Европа и некогашна летна резиденција на романските кралеви), на замокот Бран (познат и како Замокот на Дракула), како и на градот Брашов лоциран во централниот дел на земјата - регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Посета на тамошната “Црна црква” од XIV век, која е воедно и најголема готска црква во југоисточна Европа. Враќање во Букурешт во вечерните часови. Вечерта, можност за дочек на Новата година на некој од градските плоштади во Букурешт, или факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан. Ноќевање.
 
01.јануари (понеделник)    БУКУРЕШТ - СНАГОВ - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот и Букурешт кон Макеоднија. Попатна посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на владетелот Дракула. За ова место постојат верувања дека и денес се обвиени со тајни и мистерии.  Патувањето продолжува преку Бугарија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:             109 €     (6.760 мкд)
Цена во претпродажба:           99 €     (6.140 мкд)

Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Oрганизирани разгледи според програмата
- Сместување во хотел *** на база на 2 ноќевања со појадок
- Организација и придружник на патувањето
- Патничко здравствено осигурување
 
Во цената не е вклучено:
- Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25€)
- Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан (60)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
 
Напомени:
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и САВАНА