Bо срцето на Европа се наоѓа град кој по својата величенственост и убавина се издвојува од другите Европски градови и со самото тоа гордо го носи името Златна Прага. Овој град кој проткајува многу богата историја и култура, не не' остава рамнодушни кога минуваме низ Стариот Град, Катедралата Св.Видо, многуте цркви, Плоштадите како и покрај познатиот Астрономски часовник изграден 1410 год. Секако не смеете да пропуштите да се прошетате по познатата Златна уличка која е позната по минијатурните кучќчки кои потекнуваат од 16 век и имаат своја приказна.Прошетајте низ Виена и плоштадот Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив...

   
20 Октомври (Петок) СКОПЈЕ - ПРАГА  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот ”Holiday Inn” во 15:30 часот. Поаѓање за Прага во 16:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

21 Октомври (Сабота)  ПРАГА  
Пристигнување во пладневните часови. Панорамски разглед на градот: Старо место: Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париска улица, плоштадот Старо место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската кула, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Уневерзитетот на Карло четврти, Вацлавски намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, ... Сместување во хотел. Слободно попладне или можност за факултативно крстарење по В’лтава. Ноќевање.   

22 Октомври (Недела)  ПРАГА  -  КАРЛОВИ ВАРИ 
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативен излет до Карлови Вари –најпознат бањски центар во Чешка, популарно одмаралиште на европската аристократија и културна елита во 19 век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани, продавници и колоритни згради со автентична архитектура. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладне враќање во Прага. Навечер, факултативно – можност за посета на национален ресторан - Пивница. Ноќевање.

23 Октомври (Понеделник) ПРАГА – ВИЕНА -СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање за Виена. Пристигнување во Виена. Панорамско разгледување на градот: Плоштадот Рингштрасе, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската Куќа, Виенска Опера, Дворецот Белведере. Слободно време до поаѓање за Скопје.Заминување за Македонија во попладневни часови. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утрински часови.

                 Цена на аранжман: 129 € (8.000 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на релација Скопје – Прага - Скопје
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Прага и Виена- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни излети:  Карлови Вари (25€),  Кстарење по В’лтава (15€) 
- Влезници за музеите и културно – уметничките споменици 
- Патничко осигурување (180,00 мкд)

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум до 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ