Венеција, градот од соништата. Зарем некој можел да помисли дека е возможно да се живее на вода?! Венеција е најспецифичниот град на светот, град-чудо. Низ вековите била најмоќното медитеранско пристаниште, а и денес нејзиното значење и влијание воопшто не е намалено. Венеција едноставно плени со своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади... 

      
29.декември (петок)                       СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата во Скопје, на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во14:30 часот. Поаѓање за Венеција во 15:00 часот. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни застанувања и одмори.
 
30.декември (сабота                   ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Во претпладневните часови, пристигнување на пристаништето Пунта Сабиони во Лидо Ди Јесоло. Превоз со брод Вапорето(*) до централниот плоштад на Венеција. Разглед на градот со прошетка до  плоштадот и црквата Св.Марко, Прокуратите, градскиот часовник, Венецијанската кула, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални активности и посети. Враќање во Лидо Ди Јесоло и сместување во хотел, во попладневните часови. Ноќевање.
 
31.декември (недела)                    ВЕНЕЦИЈА - ВЕРОНА - ЛАГО ДИ ГАРДА
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за факултативен излет до Верона радот на Ромео и Јулија), со разглед на плоштадите Ербе, Данте и Бра, Големата арена, куќата на Јулија... Во продолжение, посета на местото Сирмионе покрај езерото Гарда и тамошниот замок на семејствто Скалиѓери. Во враќање кон Венеција, во зависнот од работното време, можност за шопинг во најпознатиот шопинг центар во северна Италија “Палма Нова“. Вечерта, можност за дочек на Новата година на плоштадите во Лидо Ди Јесоло или во Венеција (со користење на индивидуален јавен превоз). Факултативно - Новогодишна вечера во локален ресторан со музика. Ноќевање.
 
01.јануари (понеделник)                ВЕНЕЦИЈА - ЉУБЉАНА - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот. Патот води преку Словенија, со попатна посета и краток одмор во Љубљана. Продолжување на патувањето кон Македонија, преку Хрватска и Србија. Дневно и ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:                  наскоро
Цена во претпродажба:              наскоро

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:    
- Превоз со туристички автобус на наведената релација.
- Сместување во хотел ***, во околина на Венеција (Лидо Ди Јесоло), на база 2 ноќевања со појадок.
- Панорамски разглед на Венеција и Верона.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
- Патничко здравствено осигурување
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:     
- (*) Превоз со брод “Вапорето” од Пунта Сабионе - Венеција (15 €)
- Факултативен излет до Верона и Лаго Ди Гарда (25 €)
- Туристичка такса по лице (2 за две ноќевања), се плаќа индивидуално на рецепцијата во хотелот
- Влезници за музеите и културно-историските споменици.
 
НАПОМЕНИ:               
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА