10.октомври (четврток)      СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот спроти хотелот "Holiday inn". Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор. 
 
11.октомври (петок)       БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на еден од најубавите градови во југоисточна Европа: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната порта, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј... Сместување во хотел и слободно време за одмор и индивидулани активности. Навечер, можност за факултативна вечера во национален ресторан со програма. Ноќевање.

12.октомври (сабота)    БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, или факултативен иизлет со посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа - некогашната летна резиденција на романските кралеви. Продолжување кон замокот Бран изграден во XIV век, а познат и како "Замокот на Дракула". Патувањето завршува со посета на стариот град Брашов, лоциран во централниот дел на земјата и регионот Трансилванија. Овој град е вистински музеј на отворено, во кој се наоѓа и познатата Црна Црква од XIV век - една од најголемите готски цркви во југоисточна Европа. Враќање во хотелот, во вечерните часови. Ноќевање.

13.октомври (недела)      БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот, со кратка дополнителна прошетка низ центарот на градот. Попатна посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Можност за разглед на местото, за кое се врзани мноштво тајни и мистерии. Заминување во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни застанувања и одмори.
 
14.октомври (понеделник)      СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје, во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:   
121 EUR (противвредност: 7.502,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Oрганизирани разгледи според програмата
- Сместување во хотел ***, на база на 2 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Вечера во национален ресторан (25 €)
- Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25 €)
- Влезници за музеите и културно-историските споменици
- Патничко здравствено осигурување

Напомени:
-Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници
- За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
- Организатор на аранжманот: САВАНА ДОО Скопје