МАКАРСКА / апартмани

  

Mагичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел - Далмација. Оваа туристичка мека, доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе Ве остават без зборови. Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација! Во вашиот избор и размислувања, - кое место од многуте нанижени од двете страни на градот Сплит: Тучепи, Макарска, Подгора, Брела, Трогир, Примоштен, Шибеник, Водице... би ги избрале за одмор, ние за оваа сезона Ви ја предлагаме Макарска. Бисерот на Далмација и градот кој плени со сета негова содржина. Вам секако ви преостанува само да уживате во неа! А што всушност Макарска ви нуди?! Навистина многу... Близината на островите Брач, Хвар, Корчула... планината Биоково, не така далечните слапови на Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир... како и најблиските места: Башка Вода, Брела, Тучепи... се едноставно непрекината инспирација за збогатување на спомените кои можат да се стекнат за само едно лето во Хрватска и Далмација. Доколку пак посакате да го посветите своето време исклучиво на Макарска, сосема е извесно дека нема да останете без фотографии. Посетите на многуте историски градби, како 500 години стариот Фрањевачки самостан, единствениот Малаколошки музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св.Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот музеј, црквите на Св.Филип и Св.Петар... се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат.

 

 - Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан 100 EUR (50 EUR за деца 2-12 г.)
- Употреба на клима уред, се доплаќа во објектот (каде што е достапно)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Сместување во студио или апартман по избор од табелата (со кујна и тоалет) на база 7 ноќевања

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса: 7 EUR по лице, 3,5 EUR за лица од 12-18г. и бесплатно за деца до 12г.
- Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме - полиса без франшиза)

ЗАБЕЛЕШКИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА