ПРОГРАМА СО АВИОН

1. ден                                СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА 
Состанок на скопскиот аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Полетувањето на авионот на “Wizzair”  кон Барселона во 18:20 часови. Пристигнување во Барселона во 21:05, по пристигнувањето, трансфер до избраниот хотел и сместување во соба. Ноќевање. 

од 2. до 7/10.  ден         КОСТА БРАВА (денови за одмор)
Престој во избраниот хотел во регионот на Коста Брава и Коста Марезме, на база на избраната услуга,  со 7 ноќевања, во зависност од аранжманот и терминот.  Можност за факултативни излети. 

8/11. ден                            БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите и одјавување од хотел во утрински часови, пред времето за трансфер. Организиран трансфер кон аеродромот во Барселона и директен лет за Скопје на редовна линија. Полетување кон Скопје во 21:40.  Пристигнување во Скопје наредниот ден по полноќ. Крај на услугите.



ЗАБЕЛЕШКИ:
Цените се изразени во ЕВРА, а плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност од 62,0 ден за 1 ЕВРО

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
- 7/10 ноќевања на база Ноќевање со појадок,Полу пансион(појадок,вечера) Полн Пансион (појадок, ручек, вечера со вклучена вода и/или вино за време на оброците)
- Цената е изразена по лице за дадениот број ноќевања и видот на услугата што ја користи.
- Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче чекиран багаж (до 23кг) и 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 56х45х25) по лице
- Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
Аеродромски и административни такси во износ од 60еур
Патничко здравствено осигурување
Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел
* За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
- Проверете ги сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување.- Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.